Девојката која решила да ги посети сите 196 земји во 16 месеци - Што посетила во Македонија?
Кеси Де Пекол се надева дека ќе го сруши Гинисовиот рекорд и ќе стане најбрзата жена која пропатувала низ сите 196 земји.
27-годишната авантуристка од Вашингтон, Конектикат, своето патешествие го започнала во јули 2015-та година, а наскоро ја завршува својата мисија да ги посети сите 196 земји во светот.
Досега има посетено 180 земји и направила 254 летови во само 15 месеци.
Ѝ остануваат уште 40-ина дена за да ја заврши својата авантура.
Меѓу 180-те земји кои ги има посетено меѓу прва на листата и била Македонија.
Taa била во Охрид каде ја посетила Самоиловата тврдина.
Инаку за првпат во животот пробала бурек и е воодушевена од овој деликатес.
Нејзината авантура можете да ја следите на нејзиниот Инстаграм профил:
Н. Г. | Црнобело