18 фотки кои ќе ви докажат дека Кјото и Токио заслужено се најубавите градови во светот
Токио и Кјото се најдоа на врвот од листата за најубави градови во светот согласно изборот на читателите на „Conde Nast Traveler“.
Станува збор за избор кој секоја година се објавува и им дозволува на читателите да го изберат градот кој најмногу им се допаднал во измината година, не вклучувајќи ги градовите во САД.
Оваа година резултатите се посебно интересни бидејќи и двата града со најмногу гласови потекнуваат од една иста земја.
Така на првото место се наоѓа Токио, а на второто Кјото.
Двата града, од кои едниот, Токио, е сегашен главен град, а другиот поранешен, се еден вид на целосна спротивставеност.
Токио е модерен град и го прикажува сето она кое човекот го постигнал низ годините, додека Кјото е совршен приказ на традицијата и културата на земјата, но и на нејзината недопрена убавина.
Следните фотки ќе ви покажат зошто токму овие два града се изборот на читателите за 2016-та година.
М. С. | Црнобело