Градови кои треба да се најдат на вашата листа за патувања во 2017 година

Како и секоја година така и оваа тимот на „Lonely Planet“ состави листа на дестинации кои вредат да се посетат во текот на годината која ни доаѓа.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-01

Интересно е што на новата листа покрај големите градови Лос Анџелес, Кејптаун и Сеул го има Охрид, како место кои не смеете да го проуштите.

Ова е се топ 10-те градови кои „Lonely Planet“ ги препорачува:

1. Бордо, Франција

Некогаш бил нарекуван „Заспаната убавица“, но денес овој град има навистина многу работи кои го исполнуваат со живот и убавина. Сместен на само два часа возење од Париз, тој е местото каде можете да уживате во дегустација на прекрасните француски вина и познатите француски сирења.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-02

2. Кејптаун, Јужна Африка

Природниот шарм на градот надополнет со традиционалната кујна и посебната култура го прават овој град место кое навистина ќе ве воодушеви. Кајптаун е исто така, дом на најголемиот музеј на современа африканска уметност каде можат да се видат и дознаат многу нешта за оваа култура.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-03

3. Лос Анџелес, САД

Иако е познат како градот каде живеат многу познати холивудски ѕвезди и местото каде се одвива голем дел од американската филмска индустрија. Лос Анџелес е одлична локација која може да се пофали и со прекрасни плажи и многу сонце кое привлекува голем број туристи.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-04

4. Мерида, Мексико

Мерида е град кој навистина може да се пофали со неверојатна културна понуда. Секојдневно можете да уживате во жива музика, уметнички изложби и танцови изведби, сето тоа зачинето со прекрасната традиционална мексиканска кујна.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-05

5. Охрид, Македонија

Сместен над прекрасните сини води на истоименото езеро, Охрид најубаво можете да го видите доколку се качите на брод. Од бродот можете да ги видите старите теракотни покриви низ кои ѕиркаат огромен број цркви (некогаш нивниот број изнесувал 365) за најгоре во далечината да ја забележите Самуиловата тврдина.

Охрид, кој некогаш, претставувал познат религиозен центар, денес станува популарна туристичка дестинација која од година во година ја посетуваат сè повеќе и повеќе туристи.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-06

6. Пистоја, Италија

Луѓето честопати знаат да го наречат и „Мала Фиренца“ заради концентрацијата на уметност и архитектура содржани во овој град. Прогласен за Град на културата за 2017 година овој тоскански град ќе ве воодушеви со својата ненаметливост и смиреност, која нема да ја најдете во големите градови како Рим или Фиренца.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-07

7. Сеул, Јужна Кореја

Во текот на изминатата декада напорите на Сеул беа насочени кон станување на зелена, атрактивна и пријателски настроена дестинација за туристите низ светот. „Seoul Skygarden“ е најновата атракција со која може да се пофали градот, што во суштина претставува дел од стар автопат пренаменет во место каде ќе можете да уживате во огромен број дрвја, растенија и цветни градини. 

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-08

8. Лисабон, Португалија

Лисабон е една од не толку експонираните европски дестинации кои навистина има што да покаже. Бројните музеи ќе ви дадат можност да се запознаете одблиску се сето она кое би требало да го знаете за земјата и нејзината историја и култура.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-09

9. Москва, Русија

Москва е многу повеќе од Црвениот плоштад и Кремљ, а токму затоа заслужува и поголемо внимание. Градот од ден на ден привлекува сè поголем број на туристи а се очекува нивнаат бројка да биде најголема токму во 2017 и 2018 година кога земјата ќе биде домаќин на Купот на конфедерациите и Светското првенство во фудбал.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-10

10. Портланд, Орегон

За Портланд често се вели дека е град на иднината пред сè бидејќи е мирен, пријателски настроен и етички град кој ужива во мирниот живот без премногу гужва и брзање. Тој е одлично место за да присуствувате на еден неверојатен природен спектакл: затемнувањето на сонцето кое ќе се случи на 21 август 2017 година.

Gradovi-koi-treba-da-se-najdat-na-vasata-lista-za-patuvanja-vo-2017-godina-11

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Кафе и лежалка 4 евра, гиро 4 евра – Како се движат цените на плажа во Неи Пори во 2024? По празникот Духовден и споениот викенд, туристите во Неи Пори велат дека веќе г...
Две држави од поранешна Југославија се на листата најубави земји на светот (според туристите) Туристите од цел свет ги избраа 20-те најубави земји. На листата има 3 држави од...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg