Луксузниот ресорт на Филипините каде уживаа Бред Пит и Бијонсе
Аманпуло е местото за кое слободно можеме да кажеме дека е олицетворение на идеја за рај која многумина од нас ја имаат.
Бескрајна песочна плажа, тиркизна вода и мир и тишина какви што ретко ќе најдете на друго место.
Сместен на островот Памаликан, овој ресорт е едно од омилените места за одмор на многу од познатите личности, но и на милионери кои едноставно не сакаат да се експонираат во јавноста.
Ресортот се состои од 40 апартмани кои можете да ги изнајмите и до кои ќе стигнете со приватен авион.
За оние кои можат да си дозволат поголем луксуз тука се прекрасните четири собни вили кои можете да ги изнајмите како што тоа го нарави Мадона на цел еден месец за $6.2 милиони долари.
Секоја од ваквите вили располага и приватна плажа за дополнителна приватност и мир.
Како вилите, така и собите, се минималистички уредени, а доминантен елемент во сите нив е дрвото.
Слободното време можете да го искористите за слободни прошетки низ островот или авантуристички активности како сурфање, возење кајак, нуркање или пак да играте тенис или голф на терените кои се во сопственост на ресорот.
Еве како изгледа сето ова преку фотографии...
М. С. | Црнобело