15 ресторани во кои вреди да јадете заради погледот
Некои ресторани не се само за да уживате во храната која ја консумирате, туку и за неверојатната глетка која ја овозможуваат.
Од неверојатен панорамски поглед кон Дубаи или Лондон, до погледот кон Колосеумот во Рим...
Ова се некои од најпознатите ресторани кои нудат неверојатен поглед:
1. Ресторанот на хотелот „San Clemente Palace Kempinski“, Венеција
Хотелите со 5 ѕвезди често имаат ресторани кои не се познати само по храната која ја нудат, туку и по погледот. Еден од нив е и ресторанот на хотелот „San Clemente Palace Kempinski“.
2. Ресторанот „Luna Rooftop Tapas Bar“, Мексико
Овој ресторан се наоѓа во срцето на градот и нуди прекрасен поглед без разлика дали вечерате навечер или ручате под топлото сонце.
3. Ресторанот во хотелот „Ting at the Shangri-La Hotel“, Лондон
На 35-от кат се наоѓа ресторанот кој нуди неверојатно добар поглед кон најголемите туристички атракции во Лондон.
4. Ресторанот „White Rabbit“, Москва
Популарниот „White Rabbit“, нуди традиционална руска кујна подготвена модерен начин од најдобрите готвачи во Русија, но и прекрасен поглед кон градот.
5. „Juvia“, Мајами
„Juvia“ служи еклектична храна која е комбинација на француската, јапонската и перуанската кујна и магичен поглед над палмите и убавите домови во Мајами.
6. „Le Jules Verne“, Париз
Овој ресторан се наоѓа на вториот кат на Ајфеловата кула и нуди модерна француска храна и посебен поглед над главниот град на Франција.
7. „Skyview Bar“, Дубаи
На 27-от кат на хотелот „Burj Al Arab“ се наоѓа ресторанот со најдобар поглед од стаклените ѕидови кон Дубаи.
Уште 8 места на следната страна...