Зошто да ги искористите евтините летови до Копенхаген и што да посетите?

Месец октомври е совршено време да ги искористите евтините летови и да заминете на патување за Копенхаген, главниот и најголем град на Данска.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-01.jpg

Причина плус не се само евтините летови, туку и фактот што овој град е посебно убав на есен.

Ако никогаш претходно не сте биле, можете дури и за еден ден да ги посетите најголемите туристички атракции.

Што да видите за еден ден?

За помалку од 24 часа можете да посетите пет од најпознатите атракции.

Ако почнете со прошетка рано наутро, на пример, веќе во 9:45 часот можете да ја видите статуата на Малата сирена која била инспирирана од приказната на еден од најпознатите писатели на Данска Ханс Кристијан Андерсен.

Доволни ќе ви бидат околу 30-на минути.

Следно што можете да посетите е „Frederikskirke“ уште попозната како мермерната црква во рококо стил. Ако одите пеш, ќе ви требаат 16-та минути за да пристигнете од статуата на Малата сирена. Доволни ќе ви бидат 45 минути за детално да ја разгледате оваа монументална градба.

На 2 минути од мермерната црква, се наоѓа палатата „Amalienborg“, односно домот на данското кралско семејство. Доволни ќе ви бидат час и 30 минути.

На 8 минути од палатата ќе наидете на „Nyhavn“ - канал и забавна област од 17-от век. Тука можете да уживате во добра храна и вино, да направите малку одмор и да продолжите понатаму до последната дестинација за овој ден.

На 11 минути од „Nyhavn“ се наоѓа палатата „Christiansborg“ каде е сместен данскиот парламент.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-1.jpg

Ако имате на располагање уште 2 дена:

Вториот ден

Утрото можете да го започнете со посета на Градското собрание. Доволни ќе ви бидат 30-на минути да уживате во глетката, а можеби и да се напиете кафе.

На 5 минути од собранието се наоѓа Националниот музеј во кој ќе ви бидат потребни 2 часа за посета.

На 13-на минути пешачење од Националниот музеј се наоѓа Кружната кула за која доволни ќе ви бидат час и 30 минути посета.

На 9 минути од неа се наоѓа палатата „Rosenborg“.

Прошетката можете да ја завршите со посета на Националната галерија на Данска која се наоѓа на 5 минути од „Rosenborg“, а во неа доволни ќе ви бидат час и 30 минути за да ги разгледате некои од најважните ремек-дела во историјата на данската уметност, па и пошироко.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-2.jpg

Третиот ден

Третиот ден можете да посетите уште четири важни културни атракции во Копенхаген.

Утрото можете да го почнете со посета на Главната катедрала во Копенхаген.

На 11 минути од неа се наоѓа Музејот „Carlberg Glyptotek“. Ова е еден од најпознатите уметнички музеи во градот кој бил основан од Карл Јакобсен и компанијата за производство на пиво „Carlsberg“, а во неа делата доаѓаат од приватната колекција на Јакобсен.

После 6 минути пешачење од Музејот „Carlberg Glyptotek“ ќе пристигнете до Данскиот дизајнерски центар каде можете да ги погледнете некои од најинвентивните дизајни од данската култура.

Последното место кое ви останува да го погледнете е Кралската библиотека која е на 8 минути пешачење од Данскиот дизајнерски центар.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-3.jpg

Настани во октомври

Ако се решите да го посетите овој прекрасен град до крајот на месец октомври, можете да уживате во неколку настани.

1. „An Age of Our Own Making“

Настанот трае од 16.09.2016-та, па се до 08.01.2017-та година. Кунстал Шарлотенборг отвора нова изложба која вклучува инсталации и перформанси од страна на разни меѓународни уметници.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-4.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-5.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-6.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-7.jpg


2.
Halloween во паркот Тиволи

Настанот трае од 14.10.2016-та до 06.11.2016-та година. 20.000 тикви, 2.000 бали од слама и 5.000 растенија ќе ве одведат во едно страшно, но истовремено и волшебно расположение во срцето на Копенхаген.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-8.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-9.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-10.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-11.jpg


3.
Културна ноќ

Од 15.10.2016-та, па се до 23.10.2016-та година можете да уживате во разно разни настани кои се одржуваат во само еден ден, а се наменети како за возрасни, така и за деца.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-12.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-13.jpg


4.
Станете лего архитект

На 21.10.2016, Данскиот центар за архитектура ќе направи еден мал град од лего во кој можат да уживаат и најмалите.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-14.jpg


5.
Дегустирање на пиво

На 21.10.2-16-та година, ќе имате можност и да пробате разни пива и да погледнете како се прави овој алкохолен пијалак.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-015.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-16.jpg

Ако решите да одите во ноември ве очекува Божиќна магија

6. Божиќ во паркот Тиволи

Од 19.11.2016 до 31.12.2016 можете да прошетате низ божиќниот пазар во паркот Тиволи каде целиот простор се претвора за неколку месеци во вистинска бајка на Земјата.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-17.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-18.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-19.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-20.jpg

7. Божиќ во „Fredensborg“

На 20.11.2016-та година градоначалникот ќе ги запали свеќите на божиќното дрво, кловнови ќе заиграат на улиците, плус имате можност да уживате во многу шарено украсени продавници.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-21.jpg

8. Божиќ во „Grønnessegaard“

Од 26.11.2016-та до 27.11.2016-та година се отвора божиќниот пазар каде на 60 тезги можете да ги пронајдете најубавите декорации и подароци за Божиќ и Нова година.

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-22.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-23.jpg

shto-kje-ve-natera-da-gi-iskoristite-evtinite-letovi-za-kopenhagen-vo-oktomvri-24.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg