Однадвор изгледа како обична џамија, а внатре крие покрив како ѕвездено небо
Шах Черах е споменик и џамија во Шираз, Иран. Самото име на џамијата, во превод значи „Крал на светлината“ и лесно е да се разбере зошто е именувана баш така.
Внатрешноста претставува структура од милиони мали огледала кои даваат одблесок во секоја насока.
Местото има мистериозно минато.
Според една приказна, во 900-та година од н.е. патник забележал како нешто сјае во далечината.
Пристапил поблиску да ја истражи областа и наишол на осветлен гроб во кој била погребана важна личност.
По извесен период започнала да се гради и џамијата околу гробот, а структурата на истата станувала сè покомплексна и покомплексна.
Шах Черах многупати била уништена како од времето, така и од луѓето, но и покрај тоа, сè уште, со бројни поправки, однатре изгледа магично.
Токму затоа, привлекува голем број на туристи...
Н. Г. | Црнобело