10 хотелски соби создадени за секс

Поради желбата за совршено место за интимен одмор и релаксација со партнерот, паровите секогаш бараат хотели во кои тие ќе се чувствуваат посебно во атмосферата кои ја нудат хотелските соби.

10-hotelski-sobi-sozdadeni-za-seks-0_01.jpg

Имајќи ги предвид токму тие желби на клиентите, следните хотели се погрижиле не само да ги исполнат нивните очекувања, туку сигурни сме дека се обидуваат и да ги надминат.

Соби со црвени ѕидови, стаклени бањи, приватни базени или кади наполнети со вода и пенливи меурчиња со поглед на планина...

Ако сакате целосно уживање за сите ваши сетила, ова се 10-те најсекси хотелски соби низ светот: 

1. Uma by COMO, Паро, Бутан

Секоја од собите е опремена со голем („king-size“) кревет, мал дел за дневен престој и кади за топло уживање после зимските прошетки.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-02_copy.jpg

2. Buddha-Bar Hotel, Будимпешта, Унгарија

Јапонскиот стил и црвената боја се нешто кое ќе направи да се чувствувате како да не сте на Стариот континент.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-03_copy.jpg

3. Annas Hotel, Сигулда, Латвија

Секоја од собите има два ката со уникатен ентериер од луксузни парчиња мебел претворени во уметност, дрвени подови и ѕидови кои прават да се чувствувате поврзани со природата. Бањите со проѕирно стакло се она на кое никој не останува рамнодушен...

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-04_copy.jpg

4. Plaza Athenee, Париз, Франција

Има ли нешто поубаво од романтична вечера со поглед на Ајфеловата кула...

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-05.jpg

5. Jade Mountain, Санта Лучија, Кариби

Замислете огромна соба во која нема четири ѕида, а единственото нешто кое стои меѓу вас и недопрената природа е прекрасниот приватен базен...

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-06.jpg

6. Ritz-Carlton, Сингапур

Топла бања, прекрасен поглед на Сингапур и познатиот залив „Marina Bay“ е она во кое можете да уживате во овој хотел.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-07.jpg

7. The Alpina Gstaad, Швајцарија

Само легнете и дозволете си опуштање како никогаш претходно, надополнето со извонреден поглед на швајцарските Алпи.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-08.jpg

8. Hard Rock Hotel, Ваљарта, Мексико

Ако сте љубител на забави и гласна музика, ова е вистинското место за вас. Или пак, ако ви се здосади од луѓе, можете да уживате во звуците на омилената техно музика од приватниот диџеј, на огромен кревет на кој спиеле Мадона и Шакира.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-09.jpg

9. Atlantis The Palm, Дубаи

Ќе доживеете целосно опуштање на сите сетила, само со лежење на огромниот кревет и уживање во погледот на 65.000 морски жители кои „парадираат“ низ аквариумот пред вас.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-10.jpg

10. Astarte Suites, Санторини, Грција

Сите соби и апартмани нудат неверојатен поглед во кој можете да уживате лежејќи во кревет, во џакузи или седејќи на приватната тераса на интимна и романтична вечера.

10-najsesksi-hotelski-sobi-vo-svetot-11.jpg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg