12 причини зошто треба да ја посетите Москва
Москва со својот познат Црвен плоштад и тврдината Кремљ е со сигурност една од најубавите дестинации на светот.
Сепак, Москва е многу повеќе од тоа. Таа е дом на огромен број музеи, цркви и паркови каде можете да уживате во нејзината природа.
Ова се само дел од причините зошто веднаш треба да се спакувате и да ја посетите оваа европска престолнина:
1. Прекрасните метро станици
Основано во 1935 година, московското метро е четвртиот најпрометен транспортен систем во светот. Секоја од станиците е посветена на некоја позната европска палата, па имате чувство дека сте тргнале на патување низ времето, а не на обична прошетка до другиот дел на градот.
2. Црвениот плоштад
Едно од најпрепознатливите обележја на Москва е секако големиот Црвен плоштад, кој денес претставува пешачка зона каде можете да уживате шетајќи низ многуте цркви, музеи, Кремљ па дури и во огромен трговски центар.
3. Кремљ
Кремљ во превод значи „тврдина внатре во градот“ што на некој начин објаснува зошто содржи дури пет палати и четири катедрали. Комплексот служи како официјална резиденција на претседателот на Руската федерација.
4. Другиот Кремљ
Веројатно не сте знаеле дека Москва има и друг Кремљ. Оваа тврдина е сместена на брегот на езерцето Серебрано-Виноградни и е место каде се случуваат многу прослави, саеми и фестивали.
5. Живописни хотели
Штом ќе застанете пред некој од бројните хотели, веднаш се сеќавате на живописните бои и сцени од „Grand Budapest Hotel“. Многу од хотелите неверојатно наликуваат на овој познат хотел и ви нудат одличен поглед на Црвениот плоштад и Кремљ.
6. Галеријата „Третјаков“
Ова е еден од најпознатите музеи во светот каде можете одблизу да се запознаете со руската уметност. Покрај најдобрата колекција на руски икони, овој музеј содржи и многу поставки од современи уметници како Илја Репин.
7. Паркот „Горки“
Најубавиот и најголемиот парк во Москва – дом на прекрасни градини, пешачки патеки, езера и модерен музеј.
8. Катедралата „Исус Спасител“
Позната и како највисоката ортодоксна црква на светот, во 1931 година била разурната по наредба на Сталин, за потоа одново да биде изградена по распадот на Советскиот Сојуз.
9. „Седумте сестри“
Седумте сестри се всушност група облакодери дизајнирани во стилот на Сталин. Сепак, меѓу московјаните овие облакодери се познати како „Vysotki“ или „Stalinskie Vysotki “ (Сталински облакодери).
Нивната градба се одвивала од 1947 до 1953 година, како детална комбинација меѓу рускиот барок и готскиот стил.
10. Најубавите сувенири на светот
Познатите дрвени кукли „Matryoshka“ се најубавиот сувенир кој ќе ве потсетува на патувањето во руската престолнина.
11. Музејот „Пушкин“
Најголемиот музеј на европска уметност во Москва и дом на одлични колекции од познати руски и светски уметници.
12. „Бољшој“
Бољшојскиот балет и опера се едни од најстарите и најреномирани балетски и оперски друштва во светот. Бољшојскиот балет може да се пофали дека е најголемото балетско друштво на светот, кое содржи многу танчари.
М. С. | Црнобело