Како изгледа хотел со 5 милиони ѕвезди?
Дејмон Бекфорд и неговиот пријател Мика-Пека Марканен решиле да пропатуваат 3.500 километри низ Норвешка за 12 дена во стариот Ford Escort на Бекфорд.
Ги посетиле островот Сења и Лофотенските острови, а ветровите и студеното време не ги натерало да се откажат од идејата да спијат во шатор.
Една вечер случајно нашле засолниште во напуштен камперски простор и успеале да се заштитат од силните ветрови.
Друга ноќ ја поминале во пештера додека цела ноќ им паѓале капки вода наоколу.
Но, колку и да не уживале во хотел со 5 ѕвезди, колку и да се мачеле, нивното искуство е непроценливо, бидејќи престојувале во „хотел со 5 милиони ѕвезди“:
Н. Г. | Црнобело