Препорачуваме: Ски центри во Италија

Скијањето според многу истражувања е еден од најдобрите спортови, бидејќи ја активира целокупната мускулатура на телото.

kade-na-skijanje-vo-italija-001.jpeg

Ако на тоа додадете и дека речиси секое место на планетава изгледа неверојатно убаво под снег, тогаш сосема е јасно зошто скијањето претставува уживање за сите сетила.

Италија, покрај прекрасните плажи и тиркизната вода е одлична дестинација и за зимски одмор, токму заради одличните ски-центри сместени главно на Алпите.

Ако оваа зима планирате токму Италија да биде вашата дестинација, ова се ски центрите кои задолжително треба да ги посетите:

1. Вал Брембана – Сан Симеоне

Сан Симеоне е еден од ретките ски центри кој може да се пофали со недопрена природа и тишина што го прави извонредно место за бегство од градскиот хаос.

Издигнувајќи се високо над речната долина на По, со висина од над 3000 метри, овој ски-центар нуди патеки за сите видови на скијачи. Вкупната бројка од 130 патеки и 70 жичари, доволно зборува за тоа што сè нуди ски-центарот, правејќи го совршено место како за почетници така и за искусни скијачи.

kade-na-skijanje-vo-italija-03.jpg

kade-na-skijanje-vo-italija-02.jpg

2. Сестриере – Виа Латеа

Скијачкиот регион Виа Латеа (Млечен пат) го крие еден од најубавите италијански ски центри, Сестриере, сместен на самата граница меѓу Италија и Франција. Заради неговата местоположба, двете држави се вклучени во неговото уредување и раководење.

Ски центарот располага со 146 патеки за скијање со вкупна должина од 400 километри и 88 ски-лифтови. Сестриере е всушност и најстариот ски-центар во Италија, а се наоѓа на надморска височина од 2000 метри.

Покрај можноста за „off-road“ скијање, тука е и снежниот парк кој е одлично место за сите љубители на сноубордингот.

kade-na-skijanje-vo-italija-04.jpg

kade-na-skijanje-vo-italija-05.jpg

3. Вал ди Фием – Кавалезе

Со своите 123 ски-патеки, односно 70 километри чист снег за уживање и 60 жичари, Кавалезе спаѓа во еден од помалите ски центри во Италија, но и меѓу најромантичните.

На надморска висина од над 2500 метри, во текот на целата скијачка сезона можете да уживате во прекрасните патеки и пејзажи. Поголемиот број од патеките на наоѓаат на сончевата страна од планината и главно се наменети за почетници.

Секако, постојат и патеки за искусни скијачи, но нивниот број е помал. Токму затоа, тука е жичарата која ќе ве одведе до соседниот ски центар, Алта Бадиа, каде ќе можете да уживате во патеките кои бараат искуство и кондиција.

kade-na-skijanje-vo-italija-06.jpeg

kade-na-skijanje-vo-italija-07.jpeg

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
6 блиски бич барови во Грција за еден ден или викенд на море Најубавиот бич бар е во околината на Неа Ираклиа, пракрасен бич бар со палми и б...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Бев на градска плажа во Дојран – Како си поминав и како се движат цените годинава? Температурата на водата е исклучително топла, но пак успеавме да се разладиме. Ц...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg