Специфични ресторани кои ќе ве привлечат заради ентериерот
Во трката за привлекување што повеќе клиенти, рестораните сè повеќе го напуштаат класичниот концепт за тоа како треба да изгледаат и да функционираат.
Иновативноста денес е нешто кое повеќето луѓе го сметаат за нешто особено важно, кога се во прашање објектите од таков вид.
Токму затоа, низ светот секојдневно се отвораат нови ресторани, кои покрај добрата храна, нудат специфичен ентериер и услуги кои ќе ве натераат да бидете нивни чести гости.
Ова се најуникатните 10 ресторани во светот:
1. „Sci-Fi Dine-In Theater“, Флорида, САД
Седејќи во класичен автомобил, навистина имате чувство дека се наоѓате во театар на отворено.
2. „Dans le Noir?“, Париз, Франција
Согласно името, не очекувајте да видите запалено светло во овој ресторан. Па, ако мислите дека можете да јадете и во темнина ова е вистинското место за вас...
3. „The Rock“, Микамви, Танзанијa
Самото стигнување до ресторанот е вистинска авантура, имајќи предвид дека се наоѓа на мало карпесто островче. Природата околу вас е нешто кое ќе ве остави без зборови.
4. „Cereal Killer Cafe“, Лондон, Англија
Ако сакате да се вратите во ’80-тите и ’90-тите, ова е вистинското место за едно такво патување во минатото.
5. „Alux Restaurant“, Плаја дел Кармен, Мексико
Сместен во внатрешноста на многубројни поврзани пештери, атмосферата која овој ресторан ја нуди е нешто кое долго ќе го паметите.
6. „Food Loop“, Баден-Виртемберг, Германија
Нарачувате оброк и наместо келнерот да дојде да ве послужи, храната ви се спушта одозгора, преку мини ролеркостер. Генијално, нели?
7. „Ithaa Undersea Restaurant“, Рангали, Малдиви
Вкусна храна „зачинета“ со поглед на коралниот гребен и прекрасниот воден свет. Што би можеле да посакате повеќе?
8. „Christchurch Tramway Restaurant“, Кристчрч, Нов Зеланд
Ресторанот всушност е стар трамвај, кој покрај одличната храна, ќе ви понуди и незаборавно патување низ улиците на градот.
9. „Ristorante Grotta Palazzese“, Полињано а Маре, Италија
Уште еден ресторан сместен во пештера, одлично уреден и со поглед за море. Самото тоа што се наоѓа во Италија, зборува доволно за тоа колку ќе бидете маѓепсани, како од погледот, така и од храната.
10. „Ninja New York“, Њујорк, САД
Нарачувате храна, полека јадете и одеднаш од некаде дотрчуваат нинџи, кои по нивниот перформанс, ви посакуваат пријатна вечера и ве оставаат да уживате во храната.
М. С. | Црнобело