Посетете го бисерот на Италија - езерото Комо

Со својата средишна позиција во Ломбардија, ова прекрасно езеро е популарно летувалиште уште од дамнешното римско време, а денес е познато како најатрактивна дестинација за одмор на славните.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-001.jpg

Колку езерото Комо е единствено, сведочат и бројните луксузни вили и домови на познатите, како и другите вредни градби во негова околина.

Атмосферата е пријатна и романтична, карактеристична за културно-интелектуалниот живот на Италијанците.

Кога веќе ве убедивме зошто да се упатите кон Комо, еве што сè вреди да погледнете додека сте таму:

Обиколката на езерото со дрвено бротче е најдобриот начин да ги видите речиси сите вили, како и историските градови кои се собрани околу брегот на Комо.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-2.jpg

Првата вила која вреди да ја посетите е Villa del Balbianello. Оние кои еднаш стапнале тука велат дека се чувствуваат рајски, бидејќи погледот од секој агол е воодушевувачки. Градините се она што ги импресионира посетителите.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-3.jpg

Villa d’Este се наоѓа во Cernobbio и е изградена во 1568-та година. Порано била хотел, се додека во 1873-та година не била пренаменета во место за одмор и уживање со добар поглед. И денес го има заджано оригиналниот, класичен изглед со голема тераса, базен и раскошна градина.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-4.jpg

Малото шумско островче Comacina може да го посетите ако сте љубители на добро познатиот традиционален рецепт за кафе, малите ресторанчиња и сакате да прошетате околу куќите на познатите уметници.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-5.jpg

Villa Carlotta во местото Tremezzo е изградена при крајот на 17-от век и сега е претворена во музеј каде може да погледнете многубројни скулптури.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-6.jpg

Импозантниот поглед од вилата Melzi е исто така уште една работа која не смеете да ја пропуштите.

Градот Комо исто така е дом и на готичка катедрала, чија изградба е завршена во 1700-те години.

posetete-go-biserot-na-italija-ezeroto-komo-7.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg