6 спектакуларни градби за кои никогаш не сте слушнале

Сите ние добро ги знаеме познатите туристички атракции како Колосеумот во Рим, Кинескиот ѕид или Таџ Махал, но од друга страна пак, има атички градби за кои ниту најголемите љубители никогаш не слушнале.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-01.jpg

На пример:

1. Големата џамија во Џене, Мали

Оваа џамија е стара околу 100 години и претставува една од најголемите згради направени од глинени цигли во светот. Во 1988 стана дел од листата на УНЕСКО за светско наследство. Во 1996-та година после едно снимање на списанието Вог, атракцијата се затвори за туристите.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-2.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-3.jpg

2. Чанд Баори, Индија

Ова е еден од најстарите и најдлабоки бунари во светот. Џиновската структура наликува на превртена пирамида и е длабока 30.5 метри. На три ѕидови има 3.500 скали наместени во совршена симетрија.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-4_copy.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-5.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-6.jpg

3. Палатата на парламентот, Романија

Едно од најпопуларните места во Букурешт кое било изградено за време на Социјалистичката република е токму оваа градба. Палатата се смета за една од најголемите и најскапи цивилни административни згради во светот со 3.100 соби и површина од 330.000m2.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-7.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-8.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-9.jpg

4. Тврдината Кумбалгар, Индија

Оваа тврдина е обиколена од уникатен ѕид кој во антички времиња бил познат како „Чувар на смртта“. Ѕидот е со должина од 36 километри и на некои места е висок до 8 метри. Бил потребен цел еден век за да се изгради.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-10.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-11.jpg

5. Џамијата на шеикот Лотфола, Иран

Џамијата е изградена некаде помеѓу 1602-та и 1619-та година, а претставува ремек-дело на иранската архитектура. Оваа џамија нема минариња, па се смета дека не била наменета за јавна употреба туку за жените од харемот на Шахот да се молат.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-12.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-13.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-14.jpg

6. Тврдината Дервар, Пакистан

Оваа монументална тврдина е изградена во 1733-та година и се состои од 40 бастиони кои како да никнуваат од пакистанската пустина. Заедно формираат обем од 1.500 метри, а самата зграда е висока 30 метри. Дури и локалното население е ретко свесно за нејзиното постоење.

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-15.jpg

6-spektakularni-gradbi-za-koi-nikogash-ne-ste-slushnale-16.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg