10 работи кои Италијанците ги прават подобро од сите нас
Живот како Италијанец - во последно време ова стана синоним за живот по сечија мерка и по највисоки стандарди.
Важат за најдобро облечен народ, ја имаат највкусната кујна во светот и ги имаат едни од најпрекрасните знаменитости и природни глетки.
Токму затоа Италијанците ги прават овие 10 работи многу подобро од сите останати:
1. Џелато
Не, не се работи за обичен сладолед и не смеете да ја направите оваа грешка. Џелатото е млечен десерт, не е толку замрзнат и има кремаста текстура која го прави нереално добар.
2. Аперитиво
Аперитиво е она што многу култури го прифатија од Италијанците - доцна попладневна пијачка со нешто за грицкање и во добро друштво, пред ручек обично за да го стимулира апетитот. Италијанците најчесто нарачуваат Aperol Spritz или Negroni, вино или вермут.
3. Чевли
Кога се работи за мода, Италија секогаш ќе остане на место број 1. Посебно издвоена категорија дефинитивно се чевлите, кои ако имаат италијански потпис тогаш сигурно се луксузни и вечно модерни.
4. Одела
Уште еден моден аспект во кој Италијанците се непогрешливи. И за произведување, и за нивно комбинирање - им нема рамни.
5. Очила за сонце
Повеќе како моден додаток, отколку заштита, очилата за сонце се задолжителен аксесоар кога излегувате од дома. Италијанците се посебни тренд-сетери на ова поле.
6. Култура
Секоја земја има богата култура, но Италијаците посебно се мотивирани да ја зачуваат и промовираат својата. Нема да сретнете човек кој потекнува од Италија, а да не знае многу за своите предци.
7. Dolce Far Niente
Италијанците уживаат во „слаткото правење ништо“. Тоа може да е покрај езерото Комо со поглед на зајдисонцето или лежење на трева во некој парк и броење на ѕвездите. Тие веруваат во важноста на правењето ништо.
8. Плажи
Најголемиот дел од границите на Италија се токму во Средоземното Море, па затоа има над 400 острови и плажи долги стотици метри. Огромен плус е и кристално тиркизната вода.
9. Кафе
Многу видови на кафе потекнуваат оригинално од Италија. Италијанците толку многу сакаат кафе, што тоа е дел од нивната култура. Ако некогаш пропешачите по италијанските улици, нема шанса а да не го почувствувате мирисот на кафе во воздухот.
10. Паста
Немојте ни да помислите дека пастата и тестенините се само „брз ручек“ кога немате време. Италијанците ги граничат своите сосови и специјалитети со уметност.
М. Д. | Црнобело