Ако патувате во Париз - Изрази кои ќе ви помогнат да се разберете
Францускиот јазик многумина го сметаат за најромантичниот јазик на светот. И навистина, постои нешто неверојатно звучно во зборовите кои ги изговараат Французите.
Ако овие денови патувате во Париз или некој друг француски град, или пак во друга земја од француското говорно подрачје, добро би било да ги научите некои од најчестите фрази од овој јазик, кои ќе ви помогнат да се разберете.
Запомнете, Французите не сакаат да зборуваат на англиски јазик, па ако одма почнете да зборувате сои нив на англиски, може да се случи таа комуникација да биде неуспешна.
Но, ако прво се обидете да ги прашате нешто на француски, а потоа преминете на англиски со извинување, тие ќе го ценат вашиот труд што се обидувате на зборувате на нивниот мајчин јазик и ќе се обидат да ви помогнат.
Фрази кои треба да ги научите:
Parlez-vous anglais? (Парле ву онгле?) – Дали зборувате англиски?
Pouvez-vous m’aider? (Пуве ву меде?) – Можете ли да ми помогнете?
C’est combien? (Се комбја?) – Колку?
Je vais prendre… (Ж ве прондра...) - Јас ќе земам... (кога нарачувате во ресторан)
Il y a… (Или ја...) – Таму е...
Je ne comprends pas. (Ж н конпрон па.) – Не разбирам.
Je ne sais pas. (Ж н се па.) - Не знам.
Н. Г. | Црнобело