Спектакуларни оптички илузии на природата – Водопади среде океан
На околу 1930 km од североисточниот брег на Африка се протега познатиот остров Маврициус, околу кој природата создава вистинска оптичка мамка за човековите очи – водопади среде океанот.
Како се создава оптичката илузија?
Визуелно измамувачката глетка во водата се должи на одвојувањето на песокот и талогот од мил од водата, а глетката е особено убава од воздушна перспектива.
Гледано од различни агли, океанот е широко пространство од синило, зелени и бели нијанси, кои визуелно доловуваат чувство на тридимензионалност и водопад кој паѓа.
Иако вистината е дека не постојат водопади среде океанот, сепак постои нешто магично во овие глетки кои го одземаат здивот, потсетувајќи нè дека природата навистина е креатор на најмагичните пејзажи.
Погледнете ги оптичките илузии на водопади во океанот:
(О)Милена | Црнобело