Не смеете да ги пропуштите: Магични фотографии од Њујорк, градот кој не спие
По две самостојни изложби на хрватската новинарка и фотографка Маријана Мариновиќ, на 23-ти август ќе се одржи и трета изложба под името “NYC Four seasons…and something red” (Њујорк: 4 сезони... и нешто црвено), во галеријата „Supetarskog lita“ во Супетар на островот Брач.
Повеќето фотографии се направени во текот на изминативе две години, за време на нејзиното школување на Њујоршката Филмска Академија, а бидејќи таа е веќе 20 години новинарка, многу од нив се фотографирани по службена должност за магазинот Gloria.
Таа фотографира познати личности, весели друштва и семејства, смислува модни приказни и со часови лута по Њујорк со цел што повеќе да ја долови атмосферата на градот.
Така настанала и серијата фотографии „Њујорк: 4 годишни времиња...и нешто црвено“, благодарение на која ќе можеме да го видиме „градот кој никогаш не спие“ од малку поразличен аспект:
М. М. | Црнобело