Таен, природен тобоган на Хаваи до кој се стигнува само преку темна џунгла (видео)
Ако ви треба уште една причина плус зошто Хаваи е летна дестинација од соништата која мора барем еднаш во животот да си ја дозволите, на листата допишете го и оваа природна лизгалка со вода.
Среде Waipo долината, постои водна лизгалка висока 10 метри, до која се стигнува само преку густа и темна џунгла.
Локалците ја имаат откриено пред извесно време и ја чуваат како тајна, скриен бисер недопрен од луѓето, но откако светските медиуми дознаа за неа, веројатно ќе стане уште една светска атракција за авантуристите.
Да се стигне до природниот тобоган е навистина тешко и треба да сте подготвени да ја жртвувате безбедноста за неколку часа забава.
Но, кога еднаш ќе стигнете - заборавате на сè друго освен убавината.
М. Д. | Црнобело