Лошињ - парче рај окупирано од аристократијата
На овој остров воздухот е лековит, а сонцето е присутно 200 дена во годината, па не е ни чудо што моќните лица го сакале само за себе.
Скриен од љубопитните погледи, со бујна борова шума и опкружен со кристално чисто море, на Мали и Вели Лошињ, Хрватска, денес се издигнуваат прекрасни вили и модерни хотели кои ги бие светски глас.
Овој остров во Кварнерскиот архипелаг не е популарен само во лето, туку и во пролетта кога сè се буди од зимски сон, период кога воздухот е преполн со ароми од над 1.000 расцветани билки. Токму затоа сите велат дека тука воздухот е лековит.
Низ кривите и тесни улички, специфични за крајот во кој се наоѓа, стигнувате до уредени стази кои ве водат низ борова шума до крајбрежјето.
За само неколку дена може да го истражите целиот остров, бидејќи е долг околу 33 километри.
М. Д. | Црнобело