10 Инстаграм профили за сите кои ја сакаат Италија
Обидот да се претстави сето она кое Италија може да го понуди во само неколку слики е навистина невозможен.
Фасцинантна архитектура, крајбрежје долго километри и километри, „Веспи“ кои брчат низ тесните улички и храна каква што не сте пробале на ниту едно друго место – тоа е Италија во најкратки црти.
За среќа постојат голем број на Инстаграм профили кои секојдневно ни овозможуваат да уживаме во убавините кои оваа земја може да ни ги понуди.
Од сите тие ние го стеснивме изборот на 10 кои најсликовито покажуваат како изгледа la dolce vita italiana…
1. @saverome
Археологот Дариус Арја ќе ви пренесе како изгледа италијанската престолнина преку одлични фотоки од најпознатите римски плоштади, фонтани и знаменитости.
2. @eminchilli
Блогерката Елизабет Минкили ќе ви ја покаже најубавата страна на храната во Италија, покажувајќи оброци од паста до морска храна, и секако највкусниот џелато.
3. @tianapix
Кога не ја вози својата „Vespa“ низ тесните улички на Неапол, блогерката Тиана Каи патува низ земјата и ги „документира“ сите нејзини убавини на својот Инстаграм профил.
4. @elenaciprietti
Елена Чиприети е девојката чиј Инстагарам профил е преполн со слики од плажи и тиркизна вода, вкусни десерти и фасцинантни градови.
5. @cantforgetitaly
„Дигитален дневник на Италија“ е описот кој кажува доволно за сè она кое ќе го видите на сликите. Од прекрасни езера и скијачки терени на север до извонредни пејзажи од елегантните и посебни градови низ централна и јужна Италија.