Магичната убавина на дивата плажа Ciganka, Хрватска (фото)
Ако сакате тишина, недопрена природа и рајски плажи од кои здивот ќе ви застане, тогаш дивата плажа Ciganka во близина на Лопар, Хрватска е одлична дестинација за вас.
Местото Лопар, на островот Раб, е вистинското место за сите оние кои сакаат рајска природа и прекрасни плажи. Но, тоa не нуди ноќен живот, забава и танцување до раните утрински часови, туку тоa е место кое ги одмора душата и телото.
Во 2011-та година, CNN го прогласил Лопар за најпосакувана островска дестинација за туристи во светот. Причината за тоа се рајските плажи со карактеристични песочни карпи и недопрената дива природа која најдобро ја опишува плажата Ciganka.
Ciganka е една од 3-те нудистички плажи на Лопар. Оваа магична „робинзонска“ плажа е оддалечена од Лопар околу 1 километар.
До плажата може да се стигне пешки или со автомобил кој може да го оставите во ладовината на шумата и да ги прошетате последните 100 метри до плажата.
С. С. | Црнобело