7 градови во Шпанија кои вреди да ги посетите, освен Барселона
Кога ќе се спомене Шпанија сите веднаш помислуваат на базиликата „Саграда Фамилија“ на Гауди и долгите песочни плажи со кои може да се пофали Барселона.
Сепак Шпанија е многу повеќе од тоа. Постојат уште многу прекрасни помали и поголеми градови кои кријат несекојдневна убавина која мора да ја видите барем еднаш во животот.
Богатата историја и специфичната архитектура се нешто кое ќе го сретнете на секој чекор, а секако традиционалната храна е нешто кое ќе ги задоволи сите ваши сетила.
Ако Шпанија е следна на списокот на ваши дестинации ова се седумте градови кои морате да ги посетите:
1. Севиља
Специфична архитектура (како таканаречените „Печурки“ на сликата) и извонредни уметнички галерии каде пулсира културниот живот, но и голем број продавници за сите зависници од шопинг.
2. Сан Себастијан
Сместен во Каталонија, овој град ќе ви понуди одлично гастрономско уживање: говедски образи и рижото со мастило од лигна се само дел од специјалитетите кои овој град може да ги понуди.
3. Сеговиа
Одлично место за еднодневна или викенд екскурзија каде ќе можете да уживате во живописниот град и важните историски споменици како римскиот акведукт, мавританскоит алказар и последната готска катедрала во Европа.
4. Сан Лоренцо де Ел Ескориал
Оддалечен на само еден час возење од Мадрид, овој град сместен во прегратките на планинскиот венец Гуадарама е прогласен за светско наследство од страна на УНЕСКО, посебно благодарение на познатата библиотека и манастирот но и неговата посебна архитектура.
5. Ибица
Иако градот е познат по лудите забави до раните утрински часови, локалното население тврди дека можете да најдете мирни и тивки плажи, особено надвор од туристичката сезона.
6. Навара
Уште еден град кој морате да го посетите заради извонредната храна, особено ако сте вегетаријанци. Главните состојки на здравите оброци се засноваат на грав, артичок, срцевина од марули и „пикуило“ пиперки.
7. Мадрид
Одличен спој на култура и природа, поминете неколку часа во некоја од светски познатите галерии а потоа одморете се во некој од многуте градски паркови, како на пример Ретиро паркот на фотографијата.
М. С. | Црнобело