10 шпански градови кои вреди да ги посетите барем еднаш

Лоцирана во југозападниот дел на Европа, оваа стара држава има што да им понуди на туристите во текот на сите 4 годишни времиња.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-0001.jpg

Сигурно сте слушнале за Палма де Мајорка или Ибица – местата во Шпанија каде ѝ нема крај на забавата, но вистината е дека оваа земја има уште многу други прекрасни градови кои ќе ви го одземат здивот со својот европски шарм.

Ако се прашувате зошто Шпанија е 3-тата најпосетена земја во светот, тогаш погледнете ги овие 10 градови што ги одбравме:

1. Барселона

Барселона е третиот најпосетен град во Европа, веднаш зад Лондон и Париз. Исто така, тој е вториот најголем град во Шпанија и има 9 атракции кои се заштитени со УНЕСКО, а 7 од нив се дизајнирани од Антони Гауди.

Овие 7 атракции се спој од уметност и имагинација каква што нема да најдете никаде во светот. Освен совршена архитектура, градот нуди уште многу интересни нешта поради кои вреди да го посетите – има 5 плажи, музеј посветен на Пикасо, забавен парк, фудбалски натпревари, забави кои траат до рано наутро – листата оди до бескрај.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-01barselona.jpg

2. Мадрид

Мадрид е главниот град на Шпанија и градот во кој живее шпанското кралско семејство. Градот се смета за еден од најзелените градови во Европа, така што доколку го посетите имате можност да уживате во чист воздух и неверојатна природа.

Освен тоа, градот нуди уште многу други можности: истражување на одлична архитектура, храна и животен стил, посета на сафари парк со повеќе од 500 животни или пливање во отворен базен познат под името Aquasur. Секоја недела има пазар познат како „Еl Rastrо“ што е неверојатно искуство за сите кои се љубители на ваков вид на „шопинг“.

А, ако сте обожавател на уметност, во прекрасниот Мадрид ќе ја пронајдете Пикасовата „Герника“.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-002madrid_copy.jpg

3. Севилја

Главниот град на регионот Андалузија, Севиља е градот кој ќе ви го одземе здивот со својата фасцинатна архитектура и фламенко танц. Лоциран на реката Гвадалкивир, Севилја е дом на познатиот шпански спорт – борење со бикови.

Уште едно нешто што нема да го најдете во ниеден друг шпански град е однесувањето на луѓето – т.е. севилјаните се толку горди што немаат потреба да посетуваат друг град. Севилја се смета за исклучиво уметнички град со тесни улици полни со кафулиња, барови и ресторани. Доколку планирате да го посетите градот, задолжително мора да ја пробате локалната храна со која севилјаните премногу се гордеат – тапас.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-003.jpg

4. Сан Себастијан

Сан Себастијан е лоциран во Баскијската заедница и е познат уште под името Доностија. Овој прибрежен град со Стариот Град има најголем број на барови во светот и е одлично место за истражување, дегустација на локална храна и купување сувенири. Стариот Град има дел уште познат како Романтичен центар кој ќе ве потсети на париската атмосфера и архитектура – па затоа ако одите во Сан Себастијан со вашиот партнер, овде задолжително мора да запрете.

Градот има многу места кои вредат да се посетат, но едно од најубавите е музејот Сан Телмо каде може да го истражувате светот на Баскија и палатата Мирамар – поранешната летна кралска резиденција.

10-shpanski-gradovi-koi-zadolzhitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-04sansebastian.jpg

5. Валенсија

Валенсија е третиот најголем град во Шпанија и е познат како градот на уметноста и науките. Исто така, тој е лоциран на Медитеранот – што значи има убави плажи и морска забава за која сонувате. Валенсија е стар град, па затоа неговиот историски центар се смета за еден од најголемите во државата – бидете спремни да видите голем број на културни атракции.

Архитектурата на градот е навистина богата, бидејќи има сѐ од готски до футуристички стил. Во Валенсија може да уживате во Биопаркот или музеите за уметност, готските кули од Средновековието или само да се забавувате во локалните барови и клубови. За крај, не заборавајте да го пробате националниот специјалитет – паелја.

10-spanski-gradovi-koi-zadolzitelno-mora-da-se-najdat-na-listata-na-gradovi-koi-mora-da-gi-posetite-05

Уште 5 градови на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg