3 светски настани кои вреди да ги доживеете еднаш во животот

Секојдневно читаме и ги гледаме убавините кои се застапени на социјалните мрежи и списанијата. Но, дали навистина знаеме каде треба да одиме за да ги искусиме овие прекрасни култури кои се наменети за истражување? Не, не знаеме.

3-neverojatni-svetski-nastani-koi-mora-da-gi-iskusite-barem-ednas-vo-zivotot-01

Секаде каде што одиме, искусуваме нова култура. Колку подалечно и поегзотично местото – толку поразлична култура има. Светот е наш за да го откриеме. Без разлика на неверојатните култури, постојат одредени настани кои им дозволуваат на луѓето да ги спознаат културите преку фестивали, настани и посебни празници.

Ова се најинтересните настани во светот кои барем еднаш мора да ги искусите:

1. Денот на мртвите – Шпанија

3-neverojatni-svetski-nastani-koi-mora-da-gi-iskusite-barem-ednas-vo-zivotot-02

Овој празник се слави на 1-ви и 2-ри ноември во централните и јужните делови од Мексико. Целта на овој празник е да се прослави животот на саканите – се верува дека духовите „се враќаат“ дома за празникот.

Иако овој празник звучи тажно – баш напротив, токму спротивното се случува. Овој празник е исклучително весел каде сите слават, се смеат и уживаат во животот. Ова е исто празникот на кој луѓето ги бојат лицата за да наликуваат на костури.

Огромните олтари се подготвуваат користејќи играчки, леб, слатки, топло чоколадо многу цвеќиња за духовите на децата, а цигари и мезкал (пијалак сличен на текилата, исто направен од агаве) за духовите на возрасните.

За крај на празникот, овие 2 вечери луѓето играат карти, слушаат музика и ги чистат гробовите на мртвите.


2. Карневалот во Рио де Жeниеро

3-neverojatni-svetski-nastani-koi-mora-da-gi-iskusite-barem-ednas-vo-zivotot-03

40 дена пред Велигден, Рио де Жаниеро го одржува 5-дневниот карневал. Тој традиционално започнува во петок и завршува на Мрсен вторник, што е веднаш пред Чиста среда кога започнуваат големите пости. Бидејќи во тие денови треба да се откаже од нешто што се сака, целта на карневалот е да се каже збогум на забавувањето и сексот.

Затоа, карневалот е 5-дневна забава без престан полна со жива музика, паради и костими, играње и многу забава. Додека трае, тој никогаш не запира и трае по цели денови и цели ноќи.

Главната цел на карневалот е луѓето да видат колку Бразил е љубител на забави колку се дружељубиви нејзините луѓе. Без разлика на годишното време, тие остануваат до доцна за да се забавуваат, да уживаат и да го прославуваат животот. Без разлика на масовното славење кое се случува во Бразил, Рио де Жениеро е најдоброто место за да ја спознаете бразилската култура и да се забавувате до раните утрински часови.


3. Холи, Индија

3-neverojatni-svetski-nastani-koi-mora-da-gi-iskusite-barem-ednas-vo-zivotot-04

Познат уште како Фестивал на боите или Фестивал на љубовта, празникот Холи се прославува во Индија и Непал за време на пролетта. Станува збор за хинди  празник каде луѓето се гаѓаат со обоен прав. Звучи забавно нели?

Колку и да звучи забавно, овој празник е од огромно значење за индиската култура. Тој ја прославува победата на доброто над злото кое се случило кое се случило со горењето и уништувањето на демонот Холика. Победник на ваквата битка бил хинди богот Вишну. Во негова чест, фестивалот го добил неговото име.

А, традицијата на фрлање бои е според една од приказните за богот Кришна кој сакал да се поигрува со девојките од селата така што ги потопувал во вода и во бои.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg