Да, ова е хотелска соба!
Дури и да платите илјадници евра, во светот нема да пронајдете хотелска соба со подобар поглед.
Null Stern е концептуална хотелиерска компанија која го промени начинот на кој го сфаќаме поимот кампување, отворајќи го првиот хотел под ведро небо, без кров, ѕид и тоалет.
Под ведрото швајцарско небо, на висина од 2.000 метри, сега постои соба која може да ја изнајмите за околу 230 евра.
Околу вас имате само природа, а првиот јавен тоалет е на 10-тина минути пешки.
Дизајнот на „собата“ е составен само од еден кревет, две ноќни масички и лампи.
Плус, во платената цела спаѓа и батлер кој наутро ќе ве пречека и послужи со сендвичи и свежо кафе.
Собата може да се изнајми од пролет до есен, но резервациите може да бидат откажани во последен момент заради лошото време.
М. Д. | Црнобело