Бесмислености во кои верував пред да почнам да патувам
Патувањето и искуствата од него на некој чуден начин не трансформираат во личности со сосема поинакви гледишта на светот.
Сето она кое го видов и искусив ми покажа дека луѓето честопати зборуваат бесмислености, кои кога еден ден ќе тргнете на патување ќе сфатите дека воопшто не се точни.
Ова се работите во кои и јас верував, но денес знам дека се само куп бесмислености:
1. Дека се важни нештата кои ги поседуваме
Патувањето ме научи дека не треба да собирам тони работи кои ќе ги чувам, за кои ќе се грижам или ќе ги собирам. Научив дека ништо од тоа не е важно, важна е едноставноста и штедливоста и дека навистина не вреди да тагувам по изгубените или оштетени предмети.
2. Дека светот е полн со лоши луѓе
Патувањето ме научи дека спротивно на сите верувања, светот сепак е полн со добри луѓе чија врата е секогаш отворена, само ако зачукате со отворено срце. Животот на патник ме натера да престојувам кај многу луѓе кои несебично ми го понудија својот дом, храна и пријателство...
3. Дека немам за што да бидам благодарна
Патувањето ме научи дека не треба да ги земам работите здраво за готово. Сосема спротивно, научив да бидам благодарна за сè што имам, за сите материјални и духовни дарови.
4. Дека треба да останам во комфорната зона
Сфатив дека токму ризикувањето и потешкиот пат се тие преку кои си покажуваме себеси колку сме силни и издржливи. А, благодарение на тоа откриваме нови задоволства и гледишта, одеднаш чувствуваме дека вселената го наградува секој оној кој тргнал во потрга по својот сон и храбро чекори кон целта.
5. Дека постои нешто кое е нормално
Откако почнав да патувам сфатив дека зборот „нормално“ всушност е контрадикторност на самиот себеси. Сите ние сме различни и никој од нас не треба да се ограничува само затоа што тоа според некого е „нормално“. Научив дека не постои вистински начин на гледање на светот и животот, туку дека секој треба да го следи она што за него е правилно и вистинско.
6. Дека за градење пријателство е потребно време
После толку патувања сфатив дека пријателството може да се развие за неколку минути, и тоа на сосема необични места: во автобус, на пазар или во хостел. Запознав прекрасни луѓе со кои и после долги години сè уште сме во контакт. Кога ќе најдеш човек со когo ви се поклопуваат мислењата, некој со кого можеш да потрошиш часови и часови во разговор, ќе знаеш дека си нашол пријател за цел живот.
7. Дека ти требаат пари за да уживаш во патувањето
Иако луѓето често знаат да кажат дека парите им се главната пречка заради која не патуваат нештата се сосема спротивни. Најубавите места кои сум ги видела во животот чинеле многу малку. Кога немаш многу пари, секое патување резултира со нов изум, нови пријатели и нов поттик бидејќи знаеш дека и со малку пари можеш да го прошеташ светот.
8. Дека треба да ја игнорирам интуицијата
Интуицијата е она чувство во градите или стомакот кое на некој чуден начин ти покажува дека си на правиот пат и дека не треба да се откажеш. Кога не познаваш никого, кога си во странска земја, интуицијата е таа која те води напред. Затоа, многу е поважно што ти кажува срцето, од тоа што зборуваат сите луѓе околу тебе.
9. Дека е важно од каде доаѓаш
Патувањата ме научија дека воопшто не е важно од каде доаѓаш или каде си бил, единственото важно нешто е каде одиш.
М. С. | Црнобело