Најдобрите ресторани на Халкидики
6. Anemomilos, Геракини
Уште едно романтично ресторанче направено од камен, дрво и многу зеленило. Сите кои го посетиле се воодушевени од морските специјалитети, па не би требало да ги пропуштите.
7. Bakalis, Пефкохори
Место каде не можете да одолеете на комбинацијата од вкусна храна и добар поглед. Тука може да појадувате покрај мирното море, да ручате под сенка или да вечерате во романтична атмосфера покрај бранови.
8. Kritikos Gallery & Restaurants, Уранополи
Храна и амбиент за оние со префинет вкус. Секој кој бил си заминал со пофалби и полн стомак.
9. Macaroni, Сани Бич
Грчки амбиент со италијанска храна - совршено. Добар избор на автентични специјалитети кои може да ги вкусите на летната тераса под големи бели чадори, опкружени со зеленило.
10. Mamma Mia, Сарти
Уште едно место каде може да измешате италијанска и грчка храна, а важи за најдобар ресторан и бар во целото гратче. Пристапните цени се уште еден голем плус.
М. Д. | Црнобело