10-те најубави места во Хрватска
Веќе подолго време една од најпопуларните дестинации на Јадранското Море е Хрватска, земја каде преубавите плажи се надополнети со прекрасни стари градови кои пленат со својата архитектура и посебност.
Ако ова лето вашиот избор за летен одмор е токму оваа земја, ова се местата кои никако не смеете да ги пропуштите:
1. Сплит
Сплит има сè што можете да посакате независно дали сакате да поминете семеен релаксиран одмор или да се журкате со пријателите. Никако не смеете да ја пропуштите Диоклецијановата палата која е стара 1.700 години.
2. Дубровник
Дубровник е најпознатата дестинација на хрватското приморје. Со своите тесни, камени улички и прекрасниот поглед кон Јадранското Море ќе ве натера да се заљубите во него на прв поглед.
3. Хвар
Маслинови дрвја, лаванда и лозја – Хвар го содржи сè она кое ви паѓа на памет за место за одмор некаде покрај море. Одличен избор доколку сакате да поминете романтичен одмор со личноста која ви значи.
4. Ровињ
Познат и како „Син бисер“ на Јадранското Море, Ровињ е едно од најубавите места кои ќе ги видите во Хрватска. Можете да пловите низ малите островчиња или да изнајмите велосипед и да се уверите зошто островот го добил тој ласкав назив.
5. Брач
Брач е островот каде е сместена една од најубавите плажи на Јадранското Море, „Zlatni Rat“. Исто така, тука можете да уживате во локалната храна подготвена по традиционалните рецепти.
6. Корчула
Слично како и Дубровник, Корчула е уште еден град обиколен со градска тврдина. Градскиот музеј, катедралата на Св. Марко и црквата Св. Михаел ќе ве вратат неколку векови назад низ времето и ќе направат да се почувствувате како да сте дел од Средниот век.
7. Национален парк „Плитвички езера“
Заштитени како Светско богатство од страна на УНЕСКО од 1979 година, 16 езера кои меѓусебе се поврзани со водопади, ќе ве маѓепсаат со својата убавина, а бескрајното зеленило ќе направи да заборавите на сите грижи кои ве измачуваат.
8. Трогир
Уште еден град заштитен од страна на УНЕСКО кој со својот ренесансен шарм и архитектура ќе ве освои веднаш штом стапнете во него.
9. Национален парк „Крка“
Најдобар начин за да го искусите сето она кое овој национален парк има да го понуди е тура со брод, со која ќе можете да го видите островот Висовац, лоциран во самата река, на кој се крие црква изградена во далечниот 16 век.
10. Паг
Ако сакате да поминете летен одмор исполнет со журки и гласна музика ова е вистинскиот избор за вас. Кога ќе сакате да направите одмор од журките посетете го Стариот град и пробајте го најубавиот кашкавал кој е всушност едно од главните обележја на градот.
М. С. | Црнобело