5 работи кои вреди да ги пробате во Лисабон
Лисабон не е град низ кој едноставно може да поминете набрзина – тој е еден од оние градови кој е синоним за својата држава – прекрасната Португалија.
Постојат толку многу нешта што можете да ги видите и да ги правите во овој магичен град, но потребно ви е бавно темпо, трпение и желба за истражување.
Ако сметате дека ги поседувате овие вештини, тогаш спремни сте да го откриете Лисабон:
1. Возете се со трамвај
Бавното темпо е најдобриот начин за запознавање на овој град бидејќи тој е полн со брда. Тој е толку стрмен што потсетува на Сан Франциско, кој исто така има трамваи кој го обезбедуваат најдобриот пристап до одредени градски подрачја и атракции. Но, ако сте во Лисабон на само неколку дена, најдобро ви е да изнајмите водич кој ќе ве прошета по сите атракции.
2. Отседнете во центарот на градот
„Dom Pedro Palaca“ е луксузен хотел сместен во непосредна близина на центарот на градот и се наоѓа покрај голем дел отмени продавници. Хотелот е совршено минимално оддалечен од важните туристички атракции, така да не би ви претставувало проблем пешки да стигнете до нив, или ако веќе сте мрзливи, да земете такси по евтина цена. Собите во хотелот се пространи и удобни, а препорачливо е да прашате за соба со поглед на градот и реката Теjo.
3. Испробајте вкусна храна
Во овие ресторани најмногу се трошат артичоките – нив ќе ги најдете во скоро секое јадење и скоро во секој ресторан. Уште едно нешто што не смеете да го пропуштите се сардините. Солени, во паштета или на скара – лисабонците навистина знаат да ги приготват на совршен начин.
Лисабон е град кој се наоѓа во близина на море, така што, не треба да ви биде чудно што голем дел од нивната храна е морска. А, кога веќе зборуваме за храна, тогаш секако дека мора да ја споменеме славната пекара „Fábrica de Pastéis de Belém“, која се наоѓа на истата локација уште од 1837 година и таа стана неизоставен дел од богатата туристичка понуда. Оваа пекара, секој ден пече помеѓу 20.000 и 50.000 печива.
4. Проучувајте ја архитектурата на градот
Секој кварт има посебни вибрации и уникатни пејзажи. Најстариот дел е Алфама и тој има најмалку сообраќај, но изобилува со стара архитектура – токму затоа овој дел им е омилен на голем број туристи.
5. Погледнете го градот од највисоката точка
Ако сакате совршен поглед на градот, препорачливо е да се упатите кон квартот Мирадоуро де Санта Луција, кој се наоѓа на највисоката точка и од која се гледа целиот град, особено во ноќните часови.
Секој дел од градот е посебен на свој начин, но без разлика каде сте, ви препорачуваме да земете водич кој ќе ви ги покаже најважните атракции, ќе ве запознае со историјата и ќе ве воведе во некои помалку познати места до кои не би можеле да дојдете сами.
С. С. | Црнобело