Бајковити фотографии ја доловуваат убавината на Москва
Очигледно е дека Кристина Макеева има пасија кон две работи: патувањeтo и фотографирањето.
Нејзиното портфолио е исполнето со портрети, слики од Лондон, Рига и Кападокија... Но, има нешто посебно шармантно и топло во сликите од нејзиниот матичен град, Москва.
Во нив може да ја почувствувате сета љубов која Кристина ја негува кон омилениот град и да ја видите Москва во едно поинакво светло, кое открива многу повеќе од Црвениот плоштад, црквата Свети Василиј, Кремљ, театарот Бољшој и многу други добро утврдени знаменитости.
Преку призмата на јасно изразени бои и контрасти и неверојатната лична естетика на Кристина, скоро невозможно е да не добиете желба да го посетите овој магичен град.
Уживајте во преубавата Москва и совршените фотки на Кристина:
(О)Милена | Црнобело