Најубавите приморски градови во Шпанија
Кадиз
Најстариот континуирано населен град во Шпанија има одлична географска локација и е скоро целосно „прегрнат“ од страна на Атлантскиот Океан. Безброј светилници и пристаништа го прават Кадиз магичен за одмор.
Аликанте
Аликанте е одлично место за фамилијарен одмор, како и за момински забави. Одморот е мирен и релаксирачки, а прошетката покрај брегот преполн со палми и поплочен со 6,5 милиони мермерни плочки е незаборавно доживување.
Валенсија
Третиот најголем град во Шпанија, честопати успева да ги засени дури и Барселона и Мадрид. Задолжително место за посета е т.н. Град на уметностите и науките, масивна стаклена градба која изгледа како да излегла од некој футуристички филм.
Ситгес
На 40-тина km оддалеченост од Барселона ќе го пронајдете Ситгес, шармантно гратче кое изобилува со филмски и музички настани и воедно е дом на еден од најлудите карневали во Европа.
Марбела
Стариот дел на Марбела е буквално лавиринт во кој може да се изгубите. Позната по мега јахтите, супер луксузните автомобили, Марбела е омилената локација за богатите аристократи. Но, постојат и места како Плажата на портокалите, локација која по целата должина е украсена со дрвја со портокали или Морската авенија каде што може да видите колекција скулптури на Салвадор Дали, кои ќе ви потврдат дека Марбела не е само место за луѓе со дебел паричник.
(О)Милена | Црнобело