Најубавите приморски градови во Шпанија
Средоземноморското крајбрежје се протега со должина над 1600 km и претставува совршен спој на древни пристанишни и модерни туристички градови, подготвени да го прегрнат авантуристичкиот дух на посетителите.
Но, вистинската убавина не се крие само покрај морскиот брег и пејзажите кои го одземаат здивот. Гурманските деликатеси во Сан Себастијан, уметноста која се крие во Малага, мермерните патеки во Аликанте и уште многу други автентични нешта, ја прават Шпанија една од најубавите локации на планетата.
Којзнае, можеби токму овој или вашиот следен одмор ќе го поминете во еден од 10-те најубави шпански приморски градови:
Палма
Палма е главниот град на Мајорка, најголемиот остров од групата Балеарски острови во Шпанија.
Со себе го носи духот на минатото, со оглед на фактот што поради својата стратешка позиција, Палма во минатото била освојувана од страна на секој кој поминал низ нејзината територија.
Палма е совршена симбиоза на златни и бели песочни плажи, сурфање и одмор покрај вода, а љубопитните може да се изгубат во стариот дел на градот, низ тесните чаршиски улички и беспрекорно средените градини.
Малага
Некогашниот дом на Пабло Пикасо, Малага е вистинска културолошка дестинација, не само поради музејот посветен на познатиот сликар, туку и поради претставите во театарот Сервантес и локалите кои го изведуваат националното фламенко.
Барселона
Ретко кој бил, а не се вљубил во Барселона. Гордоста на Каталонија ќе ве дочека со монументалната градба која сè уште е во тек – Саграда Фамилија на Гауди, паркот Гуељ со најубавата панорамска глетка и најпозитивната мешаница на Ла Рамбла. Едноставно, впечатоци доволни за цел живот.
Сан Себастијан
Она што е Барселона за Каталонија, тоа е Сан Себастијан за Баскијците. Прошетките низ стариот дел во градот, пливањето и одморот на Плаја де Грос и шопингот во Романтичната област го прават Сан Себастијан привлечен за туристите, но храната е далеку прочуена, исто како и архитектурата и морските пејзажи како од разгледница.
Ибица
Спротивно од стереотипот, Ибица е многу повеќе од бучни 24-часовни журки. За почеток, искачување на врвот Дарт Вила, место заштитетно со закон на Унеско, ќе ви овозможи неверојатен поглед кон зелената и историски богата Ибица.
Уште 5 градови на следната страна...