Најдобрите бич барови на првиот крак на Халкидики
Molos on the Beach, Ханиоти
На само 1 километар од центарот на Ханиоти, Molos преку ден ќе ви понуди релаксирана атмосфера со свежи салати и кафиња, но штом сонцето почне да заоѓа, очекувајте повлекување на луѓето околу шанковите и танцување на нив.
Beach Bar Papua, Калитеа
Лоциран покрај тиркизното море, овој бич бар располага со сламени чадори под кои може да го пиете утринското кафе или коктелот на зајдисонце. Атмосферата е удобна и опуштена, па ако сакате истовремено да пиете, грицкате и да се релаксирате со друштвото - ова е идеално место.
Elephant Beach & Bar, Пефкохори
Тука може да уживате на меки кревети, под сламени чадори како да сте на некоја тропска дестинација. Голем плус се и коктелите кои се служат во свежи ананаси и кокоси. Летната егзотика никогаш не била поблиска и подостижна.
М. Д. | Црнобело