Најдобрите бич барови на првиот крак на Халкидики
Кога некој вели „лето“, се обложуваме дека сите помислувате на омилениот бич бар во Грција, како газите по жежок песок, се фрлате во солена вода, за потоа да му се вратите на коктелот или пивото и да се сушите под сонце.
Плажите на Халкидики се како создадени за вакво сценарио.
Блиску се, лесно достапни за нас и не се скапи за разлика од останатите светски дестинации кои нудат ситен песок и тиркизна вода.
Затоа пред да го испланирате следниот продолжен викенд на плажа или летен одмор, вреди да ги разгледајте најдобрите и најпопуларни бич барови на првиот крак:
Cabana Beach Bar, Паљури
Со зен вибрации, удобни лежалки и кристално чиста вода, ова е најдобриот бич бар во Паљури без конкуренција. Идеален и за дневни и за журки по зајдисонце.
Agistri Beach Bar, Пефкохори
Малку на „повисока нога“ од другите и со малку повисоки цени од просекот, но сè си има зошто. Уредувањето на самата плажа ќе ве натера да се чувствувате како да сте во рајот. И додека сте така релаксирани може да слушате звуци на светски познати диџеи, да нарачате коктели како од фантазиите и да каснете нешто од грчката кујна.
Navagos Beach Bar, Паљури
Кога сакате некој да ве „фрли“ на место каде има луда журка и гужва, дефинитивно одберете го овој бич бар. За време на викендите се претвора во клуб на плажа со гласна музика до рано наутро.