5 причини зошто веднаш треба да почнете да се пакувате за Далмација

Постојат и повеќе од 5 причини зошто уште веднаш треба да се упатите кон Далмација. Хрватска ќе ве шармира со својата убавина која крие многу повеќе од ѕидините на Дубровник.

5-prichini-zoshto-vednash-treba-da-se-pakuvate-za-dalmacija-1.jpg

Лоцирана меѓу Италија и поранешниот источен блок, Хрватска е совршеното место за вашиот летен одмор. А, како што се ближи летото, време е да почнете да планирате.  

Затоа, овие 5 причини ќе ве поттикнат веднаш да започнете со пакување:

1. Може да се возите со мотор по полињата полни со лаванда

Впијте ја убавината на Хрватска така што ќе изнајмите моторцикл за неколку часа. Одберете дива патека како Супетар, лоциран на островот Брач и истражувајте ги убавините на насадите со маслинки, дивата лаванда – едно од нештата по кои државата е позната и застанете за да се восхитувате на Адриатикот.


2. Може да уживате во прекрасен поглед со коктел во рака

Да бидеме искрени: веројатно и нема да ги запомните пијалаците во Кафе Буза т.е. најдобриот локал во Дубровник, уште познат како бисерот на Адриатикот. Но, тоа не е ни важно. Овде не доаѓате заради менито, туку доаѓате за да ги искусите камените ѕидови, убедувајќи се дека сте се изгубиле и да се протнете низ дупка во ѕидот која се појавува под белите чадори додека морето ги заплискува бреговите пред вас. Ова е најдоброто место каде може да уживате во мирот и да пиете шампањ додека го гледате залезот на сонцето.

5-prichini-zoshto-vednash-treba-da-se-pakuvate-za-dalmacija-5.jpg

3. Може да одите на шопинг во палата

Едно од нештата во кои Хрватска е навистина одлична е зачувување на минатото додека живее во модерното време. Ќе почувствувате како Хрватите се поклонуваат на својата држава и навистина ќе добиете чувство дека ова е место кое се гордее со своите наследства. Ова најдобро се забележува кога одите на шопинг во Диоклецијанова палата во срцето на Сплит. Таа претставува лавиринт од кафулиња, продавници и станови кои ги емитираат старите римски урнатини за да ги задоволат модерните потреби.


4. Бидејќи „Во виното е вистината“

Со моќен сосед како Италија, некако како да се знае дека далматинскиот брег внимава на важните работи како кашкавал, маслиново масло и вино. И да, секако дека внимаваат. Благодарение на медитеранската клима, голем број сорти на грозје успеваат: Пошип, Дебит, Грк и Марастина – од кои се прави бело вино, и Бабич, Плавина и Плавац Мали – од кои се прави црвено вино. Сигурни сме дека каде и да сте сместени во ваша близина сигурно има вински бар. Затоа, прашајте го барменот за препорака и почестете се чаша добро вино.


5. Може да пловите како вистински капетан

Ако сакате да се чувствувате како вистински истражувач, тогаш тргнете од брегот на Хвар. Изнајмете мал чамец, спакувајте пикник ручек и поминете го попладнето пловејќи по Паклените острови. На пладне, спуштете ја котвата, нурнете и потоа исушете се на некои од гребените. Ако се чувствувате посебно слободно, побарaјте некоја од нудистичките плажи и оставете ја облеката, грижите и стресот. 

5-prichini-zoshto-vednash-treba-da-se-pakuvate-za-dalmacija-2.jpg

5-prichini-zoshto-vednash-treba-da-se-pakuvate-za-dalmacija-4.jpg

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg