Ќе ви потечат лиги - Како изгледале авионските оброци порано?
Минатото отсекогаш нè фасцинирало и ќе продолжи да нè фасцинира. Така на пример, ќе бидете изненадени кога ќе откриете колку авионските оброци се изменија низ минатите децении.
По носталгичните фотографи објавени од норвешката авионска компанија „Scandinavian Airlines“ можете да забележите дека патниците биле послужувани со храна која се служи и во најценетите ресторани со Мишелин ѕвезди.
Фотографиите се направени меѓу 1950-те и 1980-те години, а ве советуваме да не ги гледате на празен стомак.
Порано прописите за безбедност биле далеку порелаксирани, патниците биле послужувани со ножеви, стаклени чаши, наместо пластични...
Храната била далеку побогата. Порано можеле да добијат различни типови на месо и риба, специјални чаеви со свежо направен колач, свежо овошје...
Н. Г. | Црнобело