8 работи кои не сте знаеле дека можете бесплатно да ги добиете за време на лет

Ако сте искусен патник кој често го користи авионот како превозно средство, тогаш знаете дека понекогаш услугите кои можете да ги добиете се ограничени. Но, ако знаете што да побарате, можеби и нема да ви изгледаат така ограничени.

8-raboti-koi-ne-ste-znaele-a-mozete-da-gi-dobiete-za-vreme-na-let-01.jpg

8 работи кои можете да ги побарате за време на авионското патување.

1. Тура низ кабината

Можеби звучи чудно но голем број на пилоти дозволуваат деца да ја посетат кабината.

2. Повторно да добиете јадење

Можете да побарате дополнување на оброкот и ако остане нешто откако сите биле услужени, постои добра можност дека ќе добиете екстра храна. Сè зависи од времето во кое патувате. Обично, за време на ноќните летови голем дел од патниците одбиваат храна која можете вие да ја добиете, ако ја побарате. Ова важи дури и за нискобуџетните летови каде се служи храна.

3. Основни медицински помагала и завои

Најосновните лекови како оние за главоболка или смирување на воспаленија можете да ги добиете додека летате.

4. Можете да замените седиште

Потребно е само навремено да го побарате тоа и стјуардесите можат да ве замолат да почекате додека сите патници не се седнати на своите места или додека не се качите на стандардната висина за летање на авионот. Можете да седнете на некое место во случај да е празно или да се договорите со друг патник да направите замена на седиштата.

5. Марамчиња за дезинфекција

Дел од местото каде седите знае да биде прилично валкано па, можете слободно да побарате влажни марамчиња за да го дезинфицирате просторот околу вас.

6. Алкохолни пијалаци

Голем број на авионски компании служат бесплатни алкохолни пијалаци, потребно е само да прашате.

7. Корисни работи

Голем број на авиони нудат многу корисни алатки. Така на пример, можете да побарате сет за шминкање или за играње карти, за пишување...

8. Дополнување на шишето со вода

Сите патници кои носат вода со себе обично се замолени да ја истурат водата пред да се качат во авионот, но тоа не значи дека не можете да го задржите шишето и да побарате од стјуардесите подоцна да ви го наполнат.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

TripAdvisor го избра Лондон за најпопуларна европска дестинација за 2024 - Која соседна земја е на л... TripAdvisor ги избра 10-те најпопуларни туристички дестинации во Европа. На прво...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg