20 европски гратчиња кои не се туристички атракции, но вреди да ја откриете нивната убавина

Секако дека нема кој не ја знае Ајфеловата кула во Париз или Фонтана ди Треви во Рим, но покрај овие добро познати места постојат и други места кои најчесто се скриени од очите на туристите а претставуваат вистински мал рај.

20-evropski-gratcinja-za-koi-povekjeto-turisti-nikogas-ne-slusnale-01

Следната листа на гратчиња ќе ви открие дестинации за кои сигурно не сте слушнале а поседуваат посебна убавина која чека да биде откриена:

1. Чешки Крумлов, Република Чешка

Сместен во регионот Јужна Бохемија, градот прави да се чувствувате како да сте се вратиле во некое минато време. Мостови на сите страни, од каде и да погледнете, мали улици поплочени со камења и прекрасен поглед кон В‘лтава.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-1.jpg

2. Колмар, Франција

Се наоѓа во регионот Алзас во северо-источна Франција. Колмар е уникатен спој на француската и германската архитектура, култура и дух. Градот е живописен и шарен, а боите во реалноста изгледаат исто како и на фотографиите.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-2.jpg

3. Марсашлок, Малта

Марсашлок е главното рибарското гратче за целата земја. Шарен, разигран и исполнет со малтешкиот дух.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-3.jpg

4. Халштат, Австрија

Халштат е мало езерско гратче кое е под заштита на Унеско. Многупати е прогласувано и за најубаво гратче покрај езеро во светот. Без разлика дали ќе го посетите на лето или зима, со сигурност ќе се заљубите во во неговиот смирувачки и тивок шарм.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-4.jpg

5. Блед, Словенија

Има многу што да се види и прави во Блед, но сепак најголема атракција е прекрасното Бледско Езеро – едно од најпознатите езера во светот и омилено за посетителите на Словенија.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-5.jpg

6. Бајбури, Англија

Улицата од фотографијата можеби е најфотографираната улица во ова мало гратче. Бајбури е исполнет со стариот светски шарм и може со сигурност да се каже дека е едно од најживописните места во Англија.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-6.jpg

7. Албарасин, Шпанија

Некои би рекле дека Албарасин е најубавото гратче во Шпанија. Се наоѓа на само два часа патување од Валенсија и половина час од Теруел со воз.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-7.jpg

8. Пучишча, Хрватска

Хрватска е одличен пример за развиен туризам во последните неколку години, каде туристите можат да откријат многубројни скриени места кои од ден на ден стануваат сè попознати туристички атракции. Како и да е, барем еднаш во животот треба да го посетите брегот на Далмација. Ова мало место таму ќе ви објасни зошто!

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-8.jpg

9. Анеси, Франција

Анеси е изграден во околу замок кој потекнува од XVI век и важи за едно од најживописните гратчиња во Франција скриени од очите на многу туристи. Опкружен е со француските Алпи, a тоа го прави уште поубав и поживописен.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-9.jpg

10. Манарола, Италија

Фотографијата зборува сама за себе. Италијанскиот брег изобилува со вакви скриени богатства, сè што треба да направите е најдете малку слободно време и да разгледате убаво.

20-evropski-gratcinja-koi-ne-se-turisticki-atrakcii-no-vredi-da-ja-otkriete-nivnata-ubavina-10.jpg

Уште 10 места на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
5 најубави кампови на Халкидики, идеални за семеен одмор или летување со друштво Ако досега никогаш не сте летувале во камп, ви препорачуваме 5 кампа кои се наоѓ...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
9 потценети туристички дестинации кои ќе бидат популарни во 2024-та Финска и Словенија се омилени дестинации за 2024 во Европа, а во Африка тоа е Та...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg