10 најпопуларни места во светот според туристичките фотографии
Светот изобилува со прекрасни места кои чекаат да бидат откриени и видени. Токму таа е желбата од која се водени и туристите кои патуваат и се обидуваат секој момент да го заробат во сеќавање наречено фотографија.
Благодарение на модерната технологија речиси секој од нас поседува паметен телефон или апарат за фотографирање со кои засекогаш може да ги понесе со себе убавините на местото кое го посетил.
Токму ова се најпознатите места според бројот на фотки на туристите:
1. Times Square, Њујорк
Со толку многу светла воопшто не е изненадувачки што токму „Times Square“ е најфотографираната точка во светот. И додека локалното население го избегнува како чума, тој е главна цел на туристите и нивните апарати.
2. Tower Bridge, Лондон
Ниту едно патување во Лондон не е комплетно без фотографија од овој важен објект.
3. Eiffel Tower, Париз
Да, Ајфеловата Кула е дефинитивно нешто кое не смеете да го пропуштите. Бонус поени ако ја фатите и вртелешката.
4. Red Square, Москва
Лесно е да се види зошто луѓето сакаат да го фотографираат познатиот Црвен плоштад. Архитектурата е прекрасна за фотографирање, а самиот плоштад има богата и комплексна улога во Руската историја: дом е на мавзолејот на Ленин и на катедралите и дворците на Кремљ.
5. Dodger Stadium, Лос Анџелес
Не мора да сте од Лос Анџелес (или бејзбол фан) за да ви се допаѓа Dodger Stadium — особено на пролет.
Уште 5 места на следната страна...