Пат околу светот за 141 ден: Луксузно кстарење со кое ќе посетите 66 места и сите континенти
Веројатно добро позната ви е книгата „Пат околу светот за 80 дена“ од Жил Верн, а ако сте доволно голем авантурист можете и да ја доживеете.
Со една нова тура со бродот „New Viking Sun cruise ship“, можете да го пропатувате целиот свет за 141 ден.
Поточно, да посетите 66 дестинации во рокот од неколку месеци, по цена од 38.000 евра.
Ова ќе биде прво крстарење од таков тип, а се очекува да се случи во 2017-та година, бидејќи бродот сè уште не е изграден.
Во 141 ден поминати на брод, 12 ноќи се во некои од градовите каде застанува бродот, а поминува низ сите 5 континенти и застанува на места како Хавана, Тахити, Нов Зеланд, Шангај...
Н. Г. | Црнобело