Топ 10 музички фестивали во Европа за 2016-та година

6. „Colours of Ostrava“, Чешка

Европа е местото каде можете да присуствувате на фестивали кои се одржуваат во сосема неконвенционални места како напуштени рудници, музеи или во случајов индустриски објект за обработка на челик во Долни Витковице.

Фестивалот ќе се одржи од 14-ти до 17-ти јули, а закажани се настапи на имиња како Mbongwana Star, Bronx’s Mexicana’s side project, Mariachi el Bronx.

top-10-muzicki-festivali-vo-evropa-za-2016ta-godina-6.jpg

7. „Weather Festival“, Франција

Одржувајќи се на аеродромот „Le Bourget“, во североисточниот дел на Париз, од 3-ти до 5-ти јуни, овој фестивал за првпат ќе ги отвори вратите за вљубениците во хаус музиката токму оваа година.

За добар прв впечаток задолжени се Marcel Dettmann, Dixon, Ben Klock, Len Faki од берлинската техно сцена, но и алтернативни изведувачи како Motor City Drum Ensemble и The Black Madonna.

top-10-muzicki-festivali-vo-evropa-za-2016ta-godina-7.jpg

8. „Boom“, Португалија

Фестивал кој се одржува еднаш на секои две години и создава посебна спиритуална енергија која повикува на единство и почит.

Освен транс музиката фестивалот нуди можност за часови по јога и работилници за исцелување.

Датумот за одржување на овој фестивал од 11-ти до 18-ти август, а она на кое ќе можете да присуствувате е нешто навистина посебно кое нема да го видите на ниедно друго место.

top-10-muzicki-festivali-vo-evropa-za-2016ta-godina-8.jpg

9. „Primavera Sound“, Шпанија

Фестивалот кој некогаш започна како дводневна забава на која присуствуваат 8.000 луѓе денес веќе прерасна во петдневна забава на која присуствуваат 190.000 луѓе.

Одржувајќи се во Порто, од 1-ви до 5-ти јуни, главни ѕвезди на овогодинешната забава ќе бидат Radiohead, LCD Soundsystem и PJ Harvey, но и рок бендови како Parquet Courts и Beirut.

top-10-muzicki-festivali-vo-evropa-za-2016ta-godina-9.jpg

10. „Exit Festival“, Србија

Формиран како фестивал од страна на студентското движење, овој фестивал ја трансформира Петроварадинската тврдина во Нови Сад во место за одлична забава за 200.000 луѓе.

Познат како фестивал кој нуди огромна поддршка на млади и нови имиња од Балканот, „EXIT“ има голем број на сцени каде секој може да ужива во музичкиот жанр кој му се допаѓа.

Оваа година, листата на изведувачи вклучува светски познати имиња како Ellie Goulding, Stormzy, Bastille, Wiz Khalifa...

Затоа уште од сега во календарот означете ги деновите од 7-ми до 10-ти јули и не пропуштајте ја одличната забава.

top-10-muzicki-festivali-vo-evropa-za-2016ta-godina-10.jpg

М. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...
5 кампови во областа Пиериа, најчесто посетувани од Македонците Во кампот Esperides, многу Македонци имаат приколки кои се поставени таму со год...
Плажи во Македонија кои не се на природните езера – совршени за викенд разладување (фото) Наша плажа на езерото Мантово, но и градската плажа на Дебарското Езеро – низ Ма...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Подземен град, летање со балон - Зошто треба да ја посетите Кападокија? Кападокија е местото каде што природата и историјата се спојуваат и ги создаваат...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg