Топ 10 музички фестивали во Европа за 2016-та година
Кога ќе помислите на топло лето, ладни пијачки и одлична музика Европа е вистинското место кое нуди одличен избор на забави и едни од најдобрите музички фестивали низ светот.
Од најсеверните делови како Исланд до најјужните делови како Шпанија, Португалија, Србија и Хрватска, ова се најдобрите летни фестивали во Европа:
1. „Love International“, Хрватска
Фестивалот се одржува во „Garden Resort“ во Тисно, Хрватска од 29-ти јуни до 6-ти јули, на отворено, во малечок залив кој дава посебно чувство.
Целиот залив танцува на звучите на хаус и диско музиката на познати диџеи како Prosumer, Bicep, Horse Meat Disco...
2. „Secret Solstice“, Исланд
Најавен за одржување од 16-ти до 19-ти јуни ова е првиот фестивал кој во својот опис наведува жив настап од внатрешноста на вулкан како еден од главните настани.
Главните ѕвезди на овогодинешниот фестивал се имиња како Radiohead и Die Antwoord. Покрај одличната забава, фестивалот е одлична можност да се посети Рејкјавик, но и остатокот од оваа навистина живописна земја.
3. „Edge of the Lake“, Швајцарија
Славејќи ја својата 10-годишнина, овој фестивал е познат како еден од најдобрите фестивали за одмор за релаксирање со пријателите.
Се одржува од 1-ви до 3-ти јули, на плажа на Lac de Géronde, источно од Сион, фестивал обиколен со ридови и винови насади.
Иако главно не вклучува светски познати имиња, сепак ќе можете да слушнете изведувачи како Lindstrom, Deetron и Ninja Tune DJs.
4. „A Summer’s Tale“, Германија
Иако првпат се појави минатата година, овој фестивал кој се одржува во близина на Хамбург, е одличен пример за тоа како треба да изгледа еден опуштен фестивал кој покрај настапите на познати артисти вклучува и театарски претстави и работилници за акро јога и дегустација на јапонски чаеви.
За ова година најавено е учество на имиња како Sigur Rós, Garbage, Fat Freddy’s Drop и José Gonzalez, а доколку сакате да присуствувате не планирајте ништо друго од 10-ти до 15-ти август.
5. „Obonjan“, Хрватска
Хрватските фестивали отсекогаш се познати како фестивали каде настанува совршен спој од прекрасни плажи и одлични звуци.
Фестивалот е одличен избор за летен одмор за сите кои сакат добра музика, бидејќи се одржува од 18-ти јули – 10-ти септември на островот Обоњан.
За одличните звуци оваа година ќе бидат задолжени имиња како Roy Ayers, DJ Shadow, Dilated Peoples и Matthew Herbert.
Уште 5 одлични фестивали на следната страна...