Изгубете се во шармот на Венеција...
Залутајте во романтичниот, старински шарм кој владее низ Венеција. Уживајте во мирното возење со гондолите, не го одвојувајте погледот од Дуждовата палата, погледнете како се прави мурано стаклото на островот Мурано...
Постојат најмалку 9 работи кои треба да ги направите при следната посета за целосно да ја доживеете Венеција:
1. Посета на Бурано
Оддалечен 40-тина минути со брод, Бурано е тивко селце кое е познато по куќите во светли бои и автентичноста, рачно изработена чипка која има вртоглаво високи цени, но е вредна за секое дадено евро.
2. Поглед на Дуждовата палата
Повеќе од милиони туристи ја посетуваат Дуждовата палата, некогашниот дом на врховната власт кога Венеција била република. Денес таа е една од 11-те музеи водена од фондацијата Musei civici di Venezia, која го заштитува целото културолошко наследство на Венеција и нејзините острови.
3. Искачување на Доломитите
Барате авантура која ќе ви го заскокотка стомакот? Од рана пролет до доцна есен, доломитите се туристичко врталиште за оние кои сакаат возење со параглајдери, искачување по карпи, возење велосипед по планински терени...
4. Хотелот Gritti Palace
Луксузниот хотел кој некогаш бил дом на Андреа Грити, војвотката на Венеција од 1523-та до 1538-ма година, денес е најелегантниот и најскапиот хотел со поглед на Големиот канал во Венеција. Ентериерот е опремен со антички мебел, во стилот на 18-от век.
5. За љубителите на снегот - Cortina d'Ampezzo
Скијачите ќе бидат воодушевени од овој скијачки ресорт и сите околни терени. Италијанските Алпи дефинитивно имаат што да понудат.
6. Рачна обработка на стакло
Кога веќе сте во Венеција, задолжително одвојте барем половина ден за посета на Мурано, каде ќе научите како рачно се обработува стаклото. Локалните мајстори користат техника за топење на стаклото, па додека е во стопена состојба, ги користат вештите раце, движењата и алататите да направат уникатни облици и шари по него.
7. Романтично возење со гондола
Патувањето до Венеција никогаш нема да биде целосно ако не одвоите дел од вашиот буџет за возење по Големиот канал. Стандардното возење отприлика трае околу 40-тина минути. Сепак, тука ценкањето не е ништо ново или засрамувачко, па ако веќе сакате тоа да трае подолго, борете се за најниската можна цена. Сепак, имајте на ум дека денското возење е барем 10-тина евра поевтино од ноќното.
8. Посета на Locanda Cipriani
Упатете се кон оваа гостилница и ресторан ако сакате да го доживеете шармот на Венеција преку храна. Тука големиот Ернест Хемингвеј ја напишал „Преку реката во шумата“, кога оваа градба се уште била рустикална винарија.
9. Плоштадот Свети Марко
Подгответе се за воодушевување. Каде и да се свртите ќе видите раскош, започнувајќи од истоимената базилика Свети Марко, Прокуратот Векио, Наполеоновото крило... Овој плоштад е од големо религиозно, историско и политичко значење на градот, па затоа вреди да му посветите детално разгледување.
М. Д. | Црнобело