Рај на земјата – Мал хотел во Хрватска за кој пишува и парискиот Вог
Добриот глас велат, надалеку се слуша. Па така, отварањето на малиот бутик хотел Little Green Bay на островот Хвар ја разбуди љубопитноста на сите авантуристи, особено по прекрасните коментари кои ги изнуди по репортажата на страниците на францускиот Вог.
Ова не е никакво изненадување сепак, со оглед на фактот што сопствениците се парижани, братот и сестрата Џули и Метју, кои решиле целиот монденски дух од француската ривиера да го рефлектираат токму на Хвар.
Малиот рајски хотел е целосно реновирана стара камена куќа, која може да се пофали со мирна локација и кристално чиста тиркизна морска вода.
Со 15 мали соби, тишината е загарантирана, ресторанот во склоп на хотелот нуди автентични хрватски специјалитети, а се организираат и куси излети и обиколки на островот, за оние кои сакаат да ја истражуваат природата и да се претопат во неа.
Сепак, ова рајско уживање соодветствува со солената морска вода, бидејќи најниските цени започнуваат од 350 евра па нагоре, за ноќевање со појадок.
(O)Милена | Црнобело