Најдобрите европски фестивали кои вреди да ги посетите барем еднаш
Европа не претставува само збирка на градови кои ги задржале сопствената култура и традиција, туку е место каде модерното има најголемо влијание.
Тоа посебно може да се забележи преку некои од најдобрите фестивали кои се одвиваат во европските метрополи, но и малку познатите градови кои нудат уживање во Медитеранот или шумските предели на Алпите.
Каде во Европа, ако сакате да посетите фестивал?
Ако сакате да одите во Шпанија
Фестивал: 5 дена во јуни можете да уживате на „Primavera Sound“ кој се одвива во паркот del Fòrum во Барселона, на самото медитеранско крајбрежје.
За кого е овој фестивал? За сите оние модерни луѓе кои сакаат да уживаат во нови и неоткриени звуци.
Каде? Барселона, од 1-ви до 5-ти јуни
Кои музичари ќе ги слушнете таму? „Radiohead“, „Air“, „Tame Impala“, „Dinosaur Jr.“, „Sigur Rós“, „PJ Harvey“, „Animal Collective“, „Black Lips“, „Tortoise“, „Savages“, „LCD Soundsystem“...
Што потоа? Посетете го музејот „MACBA“ за доза современа уметност која се фокусира на поп уметноста од `60-те и `70-те години.
Каде да се сместите? Локалниот боемски хотел „Casa Camper“ во соседството Равал. Во него имате 10 апартмани и 30 соби за спиење, простор за дружење, бесплатен Wi-Fi, Појадок, здрава ужина во текот на денот, а и одлична вечера во ресторанот сместен во самиот хотел „Dos Palillos“ каде локалниот готвач служи азиска храна во шпански стил.
Пост-фестивалско расположение: Можете да го истражувате регионот Риоха и да уживате во добро вино, пикник во природа, возење со велосипед низ прекрасни предели...
Ако сакате да одите во Исланд
Фестивал: „Secret Solstice“ е фестивалот кој претставува одлична завршница на сите летни фестивали во Европа. 96 часа константна сончева светлина, непрестајна забава и сето тоа покрај етеричен предел на шуми, глечери и вулкански извори. Дали некогаш сте танцувале во илјадници години стар мраз? Тука можете токму тоа да го искусите на „Into The Glacier rave“ - во 1.6 километри долгиот глечер. Или да уживате на „Secret Lagoon Party“ додека се релаксирате во термален извор.
За кого е овој фестивал? За сите оние кои се авантуристички настроени и кои сакаат да уживаат во музиката додека истовремено се препуштаат и на други хедонистички задоволства.
Каде? Рејкјавик, од 16-ти до 19-ти јуни
Кои музичари ќе ги слушнете таму? „Radiohead“, „Deftones“, „St Germain“, „Action Bronson“, „Goldie“, „Afrika Bambaataa“, „Derrick Carter“, „Of Monsters and Men“...
Што морате да пробате? Танцувањето внатре внатрешноста на вулкан или глечер би можеле да кажеме дека дефинитивно претставуваат необични искуства, но доколку картите се распродадени, Рејкјавик нуди екскурзии, патувања до гејзери, возење на моторни санки, јавање на коњи... На крајот, можете да уживате и во уникатниот современ хотел со минималистички декор кој се наоѓа на 15-на минути од Рејкјавик, „101 Hotel“.
Пост-фестивалско расположение: Некои би рекле дека фестивалот е доволно уникатно искуство, но ако сакате да продолжите со уживањето можете да го посетите хотелот „Ion Hotel“ и да уживате во небото над Исланд.
Ако сакате да одите во Швајцарија
Фестивал: Поставен на подножјето на Алпите и на брегот на Женевското езеро, џез фестивалот „Montreux Jazz Festival“ кој постои уште од 1967-та година, претставува одличен тридневен настан за сите џез ентузијасти. Денес, самиот фестивал е проширен на две недели и можете да уживате во рок, хип-хоп, електоника и африканска мелодија од музичари кои одржуваат бесплатни концерти во големи сали, интимни клубови, кафулиња, отворени паркови...
За кого е овој фестивал? Монтре привлекува богата публика,а па голема е веројатноста дека ќе се пронајдете некаде меѓу големиот избор на музичари.
Каде? Монтре, од 1-ви до 16-ти јули
Кои музичари ќе ги слушнете таму? „Muse“, „DJ Shadow“, „Charles Lloyd New Quartet“, „Flume“, „Buddy Guy“, „Keren Ann“, „Sigur Ros“, „M83“, „PJ Harvey“, „Van Morrison“, „Mac Demarco“, „Neil Young“...
Што потоа? Излезете на прошетка по цветната патека покрај езерото до замокот „Chillon“ од 13-от век.
Каде да се сместите? Резервирајте соба во „Fairmont Le Montreux Palace“, прекрасна стара градба со 236 соби, прекрасни градини, спа, добри ресторани и кафуле со жива музика.
Ако сакате да одите во Португалија
Фестивал: „Nos Alive“ постојано ќе го сретнете на листата на топ фестивали за посета во Европа, не само поради добрата музика, туку и поради локацијата. Концертот се наоѓа на 20 минути од Лисабон и на 15 минути од плажата, што го прави идеален за сите оние кои сакат да уживаат и во градот и во морето, забавата и одморот.
За кого е овој фестивал? Млади луѓе кои сакаат да го истражат и градот Лисабон, не само концертната атмосфера.
Каде? Лисабон, од 7-ми до 9-ти јули
Кои музичари ќе ги слушнете таму? „Radiohead“, „Pixies“, „the Chemical Brothers“, „Hot Chip“, „Arcade Fire“, „M83“, „José González“, „Robert Plant“, „Grimes“...
Што потоа? Препуштете се на гратската убавина, градбите од 18-от век и цветните балкони - совршено место за добри Инстаграм фотки.
Каде да се сместите? „Memmo Alfama“ каде ќе уживате во минималистички декор, вински бар и сочен оброк.
Н. Г. | Црнобело