11 европски дестинации кои вреди да ги разгледате сами
Можноста да патувате некаде сами може да ви овозможи сосема поинакво доживување на дестинацијата, отколку ако ја посетите заедно со група на туристи или со партнерот или партнерката.
Ова особено важи за оние места кои се полни со интересни места, музеи, културни доживувања и глетки кои ќе ве држат зафатени и нема ни да се почувствувате дека сте сами.
Една интернет страна направила листа на најдобри дестинации за оние кои сакаат да патуваат „соло“, според оценките од 100.000 патувања и резервации од туристи кои решиле да патуваат сами.
Ова се 11 најдобри европски дестинации кои треба да ги посетите сами:
11. Минхен, Германија
Баварскиот град привлекува туристи со својата интересна архитектура, уметничките галерии и доброто пиво. Посебно за Октоберфест.
10. Виена, Австрија
Најдобра опера, уникатни градби и вкусни десерти се само неколку од причините поради кои овој град е толку посакувано место од оние кои сакаат да патуваат сами.
9. Лондон, Велика Британија
Лондон е еден од најпопуларните избори како поради бесплатните културни атракции, така и поради добрата забава.
8. Прага, Чешка
Готска архитектура, евтино пиво и бурен ноќен живот, тоа значи дека дури и да отпатувате соло, тука никогаш нема да останете сами.
7. Берлин, Германија
Модерен град, дом на галеријата „East Side“, тренди соседства како „Kreuzberg“ и уште многу културни места кои вреди да ги проучите сами.
Уште 6 дестинации на следната страна...