Најстариот хотел во светот кој опстојува 1.300 години: Нема интернет, а сè уште е полн
Најстариот хотел на светот е сместен во селото Хајакава во Јапонија, се нарекува „Nishiyama Onsen Keiunkan“ и бил изграден во 705-та година.
Овој хотел оваа година ја слави својата 1.311-ва годишнина од основањето, а низ целиот овој период не бил никогаш затворен, освен за реновирање. Последното реновирање било направено во 1998-та година.
Внатре има мебел во јапонски традиционален стил и нема телевизија или интернет, но се чини дека тоа воопшто не им пречи на гостите.
Всушност, причината поради која повеќето од гостите доаѓаат на ова место е да се релаксираат и да заборават на брзиот живот, уживајќи во погледот кон планините и чистиот воздух.
Н. Г. | Црнобело