Колку се промени Лондон за 100 години?
Дали некогаш сте се запрашале како изгледал Лондон во минатото? Нова интерактивна мапа направена од Expedia UK нуди можност да погледнете како изгледале порано 14-те најголеми региони на Лондон.
На мапите можете да видите како порано изгледала Пикадили, улицата Оксфорд и некои историски важни градби како Вестминстер Аби.
Мапите се направени со помош на Google Street View и на нив можете да погледнете колку се променил Лондон низ последните 100 години.
Улицата Оксфорд има метеж како и во 1904-та година, но возилата и градбите се поинакви.
Областа околу Harrods е исполнета со продавници.
Хајд парк не е така елегантен како во `20-те години.
Дури и „Covent Garden“ е драстично изменет.
Улицата „Fleet“ сè уште има прекрасен поглед кон катедралата Свети Павле, но мостот 1890-та година повеќе не постои.
На Пикадили наместо мали продавници како што имало во 1949-та година, сега има големи брендови како „The Gap“.
Како изгледал „Cheapside“ во 1909-та година?
Н. Г. | Црнобело