4 причини поради кои задолжително мора да го посетите Исланд барем еднаш во животот

Во Исланд зборуваат нешто слично до елвишки јазик („Господар на прстените“), а и самото место наликува на сцена од „Господар на прстените“.

4-pricni-poradi-koi-zadolzitelno-mora-da-go-posetite-island-barem-ednas-vo-zivotot-01

За чудо ќе откриете дека Рејкјавик нуди добра забава. 

Погледнете кои се 4-те причини поради кои мора да го посетите Исланд:

1. Топлите извори

Иако можеби е ладна земја, Исланд има топли извори кои се топли дури и во зима во кои слободно можете да се бањате додека гледате како врне снег околу вас.

Додека станува темно во зима, тогаш се појавува феноменот „Аурора Бореалис“.

Исто така има големи водопади и клисури каде можете да видите видите виножита кога е сончево.

Ако одите во зима, тогаш сигурно ќе поминете евтино, бидејќи сите одат во лето.


2. Добра забава

Звучи чудно, но Исланд е земја позната по добрите забави. Алкохолот станува евтин околу 11 часот, но никој не излегува тогаш.

Луѓето започнуваат да се движат некаде околу полноќ. Рејкавик е мал град па затоа, забавите се случуваат во центарот – што значи не треба многу да лутате за да најдете добра журка.

Ако сакате вистинско исландско доживување напијте се Рејка вотка – која се прави надвор од Рејкјавик и се филтрира преку камења од лава.

Внимавајте, не можете да испиете колку што можат Исланѓаните, па затоа не претерувајте.


3. Природата

Луѓето во Исланд веруваат во мали магични џуџиња – дури и градат куќи за нив и тоа е многу јасно кога ќе се упатите во дивата природа.

Меѓу планините, топлите извори, гејзерите и сантите мраз, ќе најдете неверојатна убавина каква што не сте виделе досега.

Ако одите навечер ќе ја видите како блеска на месечевата светлина, а ројот од ѕвезди кои се напластува на небото сигурно ќе ве маѓепса. 


4. Пештерите

Ви се допаѓаат ли шарени пештери кои изгледаат необично? Ако одговорот е „да“ тогаш треба да ги посетите оние во Исланд.

Благодарение на големиот број на вулкани, Исланд има многу чудни и прекрасни пештери. Поради климатските промени особено оние од лето во зима, не сите пештери се достапни за посета.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

9 најтопли европски дестинации што може да ги посетите и во зима Кипар, Сплит, Крит... Кои европски дестинации може да ги посетите и во зима, за ...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Пет градови во регионот со одлична програма за дочекот на Нова година Ако сакате да ги слушате Северина, Дино Мерлин, Влатко Стефановски, Џибони или Ц...
Топ 8 најубави плажи на Пелопонез - со ситен песок и кристално чисто море Освен многуте археолошки пронаоѓалишта, историски знаменитости и атракции кои ну...
Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg